03:27 - 13 април, 2026

Банана торта

Состојки:

500 грама бисквити
6 банани
3 пакувања шлаг крем
200 милилитри млеко

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги бананите на кои претходно сте им ја отстраниле лушпата и убаво изгмечете ги со виљушка. Откако ќе ги испасирате, во нив истурете ги ќесичките крем и со миксер убаво изматете ги состојките.

Откако ќе ги соедините бананите со шлаг пената, почнете со подготовка на тортата.

Во сад истурете го млекото и во него потопувајте ги бисквитите една по една.

Наредете еден ред од бисквитите во чинија за сервирање, а потоа врз нив ставете дел од претходно подготвениот фил од банана.

Постапката повторувајте ја додека имате бисквити, но и фил од банани и шлаг.

На крај, вака добиената торта, декорирајте ја по ваш избор.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....