8.8 C
Скопје
18:56 - 31 март, 2026

Зошто по вакцинацијата носењето на маски повторно ќе биде задолжително?

Unsplash

Вакцините се ветување за нормален живот на целиот свет, но по добиената доза нема да значи дека конечно може да се ослободиме од маските. Зошто е тоа така?

Медицинскиот аналитичар на Си-Ен-Ен, д-р Леана Вен, која работи во итната медицинска помош, а притоа е вонреден професор на Факултетот за јавно здравје на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, објаснува зошто.

Unsplash
Unsplash

Таа посочи дека, иако знаеме дека некои вакцини, како што се „Pfizer“ или „Bayontek“, се многу ефикасни во спречување на некој да развие тешка форма на Ковид -19, сè уште не знаеме дали вакцината ќе спречи вакцинираното лице да го шири вирусот.

Тие не испитале дали вакцината спречува заразениот од коронавирусот кој е вакциниран да зарази други.

Можно е некој да прими вакцина, а да биде асимптоматски носител.

Можеби нема да покажуваат симптоми, но го носат вирусот во дишните патишта, па ако зборуваат, дишат, киваат и така натаму, сепак можат да го пренесат на други, изјави таа.

Unsplash
Unsplash

– Тоа е главната причина зошто не можеме да престанеме да носиме маски веднаш откако ќе ја земеме вакцината. Вакцината можеби ќе не заштити од заболување и да во завршиме во болница, но, можно е да продолжиме да заразуваме други – несвесно. Затоа, оние кои примаат вакцина сепак треба да носат маски и да практикуваат социјално дистанцирање, изјави д-р Вен.

Но, тоа не значи дека ќе носиме маски засекогаш – ако се вакцинираат 70% од популацијата, ќе се создаде колективен имунитет.

Unsplash
Unsplash

– Колку брзо ќе го достигнеме имунитетот на стадо, ќе зависи од производството, дистрибуцијата и подготвеноста на луѓето да ја примат вакцината, вели д-р Вен

Постои загрижености дека многумина можеби не сакаат да ја земаат вакцината дури и ако е достапна. Мора да имаме добро осмислена кампања за јавно образование што е прилагодена на различни заедници “, изјави д-р Вен.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....