6.8 C
Скопје
22:52 - 16 март, 2026

Знаци што ни ги дава телото кога му недостасува железо

Исцрпени сте, бледи и лесно останувате без воздух? Секако дека треба да направите крвна анализа и да откриете дали страдате од недостаток на железо во крвта.
Ако имате барем три од овие девет симптоми, задолжително посетете го вашиот лекар.
1. Исцрпени сте
Ако вашиот замор трае подолго од вообичаеното, и покрај тоа што сте најадени и наспиени, се работи за недостаток на железо.
2. Имате болни менструации
Изгубеното количество крв нема целосно да се обнови доколку имате недостаток на железо, па оттука потекнуваат менструалните болки проследени со замор.
3. Бледи сте
Хемоглобинот на вашата крв ѝ дава црвена боја, поради која вашата кожа добива розов тен. Секое опаѓање на хемоглобинот предизвикува бледа кожа.
4. Лесно останувате без воздух
Ако забележите дека останувате без воздух при секојдневни активности, кои до пред извесно време ги вршевте без проблем, време е да го посетите вашиот лекар за анализа на крвта.
5. Срцето ви чука побрзо од вообичаено
Заради забрзаната работа на срцето можни се многубројни срцеви проблеми, па затоа при првите нерамномерни отчукувања на срцето, консумирајте храна богата со железо.
6. Синдром на немирни нозе
Не можете да престанете да чукате со нозете по подот? 15 отсто од луѓето со овој проблем имаат недостаток на железо во крвта.
7. Главоболка
Мозочните артерии честопати отекуваат при недостаток на железо, што предизвикува силни главоболки и мигрени.
8. Чувствувате стрес, дури и кога не сте во стресна ситуација
Недостатокот на железо може да ве доведе до анксиозност. Заради недостатокот на железо срцето чука забрзано, па се чувствувате напнато дури и кога немате причина за тоа.
9. Јазикот ви изгледа чудно
Покрај тоа што јазикот ја губи старата боја, ниското ниво на железо го намалува количеството на крвни зрнца кои ги одржуваат здрави мускулите на јазикот.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....