9.8 C
Скопје
16:09 - 18 декември, 2024

Што е сатурација на кислород во крвта и кој симптом е знак за опасност?

Зошто на некои пациенти заболени од ковид-19 им треба итно надоместување на кислород? Зошто другите пациенти не мора да бидат на респиратор? Многу работи зависат од заситеноста на крвта со кислород.

Нивото на кислород во крвта е количеството на овој скапоцен гас што го носат црвените крвни зрнца низ крвотокот. Овие клетки го преземаат кислородот од белите дробови и го носат до сите други делови на телото. Нашето тело, како некој моќен компјутер, го следи нивото на заситеноста на крвта со кислород – сатурација – и се обидува постојано да го одржува во одредени вредности. Ова е неопходно за секоја клетка во телото да има доволно кислород.

Нивото на кислород во крвта на една личност покажува колку организмот е во состојба да го дистрибуира тој гас до клетките, што е од витално значење за нашето здравје.

Нормалното ниво варира помеѓу 75 и 100 милиметри жива (мм Хг). Сите вредности под 60 мм Хг се сметаат за ниски и може да бараат суплементација (додаток) на кислород, во зависност од одлуката на лекарот во секој поединечен случај.

Кога нивото на кислород е ниско, таа состојба се нарекува хипоксемија. Тоа значи дека телото се бори и не успева да испорача доволна количина кислород во сите клетки, ткива и органи.

Оваа состојба може да се препознае според следниве симптоми:

– плиток здив, недостаток на воздух

– главоболка

– вознемиреност

– вртоглавица

– забрзано дишење

– болка во градите

– висок крвен притисок

– намалена координација на движењата

– проблеми со видот

– чувство на еуфорија (необјасниво силно чувство на среќа)

– забрзано работење на срцето

Хипоксемија, односно ниско ниво на кислород во крвта, може да биде предизвикано од:

– слаб квалитет на воздухот во просторијата

– неспособноста на белите дробови да вдишуваат воздух и да испраќаат кислород во другите органи

– неспособност на крвотокот да влезе во белите дробови, да преземе кислород и да го пренесе во

другите делови од телото

Различни ситуации, болести и состојби можат да ја предизвикаат оваа состојба:

– астма

– срцеви заболувања

– престој на висока надморска височина

– анемија (слабокрвност)

– хронична опструктивна белодробна болест

– воспаление на белите дробови (пневмонија)

– акутен респираторен дистрес синдром (AРДС)

– тромб во белодробната артерија

– белодробна фиброза, лузни, оштетувања на белите дробови

– вода во белите дробови

– апнеа (прекин во дишењето во сонот)

– некои лекови, вклучувајќи и наркотични средства и некои аналгетици

Нивото на кислород во крвта, односно, сатурацијата е еден од најважните индикатори за тоа колку лицето заразено со коронавирусот е здравствено загрозено. Од измерената сатурација, како и од другите симптоми, лекарот ќе донесе одлука дали е потребно на пациентот да му се додава кислород и на кој начин.

Како се мери сатурацијата?

Целата процедура е безболна и кратка, а се изведува така што со инструментот во облик на штипка (пулсен оксиметар) се опфаќа показалецот на раката на пациентот, кога во исто време на специјализиран монитор се прикажуваат вредностите на пулсот и процентот на заситеноста на артериската крв.

Нормалните вредности на сатурацијата се движат од 95-100 отсто. Ако пациентот има проблеми со белите дробови или срцето, вредностите на сатурацијата ќе бидат намалени. Заситеноста со кислород во крвта може да се измери и доколку пациентот страда од хронични болести, како што се

– кардиоваскуларни болести, опструктивни белодробни заболувања, напади на астма или ларингитис, дијабетес, итн.

Кај здравите луѓе, црвените крвни клетки (еритроцити) се во артериската крв речиси целосно заситени со кислород (над 98 отсто). Кај некои болести, сатурацијата на кислород во крвта е намалена, понекогаш и под 90 отсто, кога доаѓа до забрзано работење на срцето и забрзано дишење.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо
Се вчитува....