6.8 C
Скопје
16:30 - 24 февруари, 2025

Излекуваните од ковид-19 со недели тешко дишат, долго спијат…

Пациентите што оздравеле од ковид-19 продолжуваат, со недели, а некои и со месеци, да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болки во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат по скали само еден кат, пишува онлајн магазинот „Јуроп тудеј“.

Истражувањето го спровеле лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, испитувајќи 150 пациенти што ја прележале заразата со коронавирусот.

Од испитаните, 87 отсто потврдиле дека имаат најмалку еден од пост-ковид симптомите, најмногу преголем замор, пречки во дишењето, некои имале и психолошки проблеми, а одреден број пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматски стрес.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на мускулната маса.

– Кoвид-19 е нова болест и ние засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците. И затоа ова истражување е многу важно – рекол Анџело Карфи.

Авторите на истражувањето посочуваат дека е позитивно што не се потврдија стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

Лекарите препорачуваат пациентите што биле лекувани на одделенијата за интензивна нега и биле подложени на оксигенација, редовно да одат на контроли на повеќето внатрешни органи, а мора да поминат и низ долг период на физичко и психичко закрепнување.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Најпосакуваниот подарок за роденден

Еспресо

Пет причини зошто да ја одберете Европска очна болница: Персонализирани третмани и иновативни решенија за оптимален вид

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Прецизна уролошка метода за решавање на машкиот стерилитет

Еспресо

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е ПАП-тест и зошто треба редовно да се прави

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

apostolova

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Сѐ што треба да знаете за колоноскопија

Еспресо
Се вчитува....