4.8 C
Скопје
15:41 - 26 декември, 2025

ВНИМАВАЈТЕ: 7 намирници со скриени шеќери кои ве дебелеат, а вие веројатно не знаете за тоа!

Со денови сте на строга диета, а стрелката на вагата никако не се поместува. Можеби проблемот е во скриениот шеќер во намирниците кои ви изгледаат диетални. Еве на што треба да внимавате.

Сосови

Речиси сите сосови за тестенини, иако на амбалажата имаат слика од шарен зеленчук, содржат шеќер. Кечапот исто така содржи шеќер, без разлика дали на него пишува „благ“ или „лут“. Повеќето од чили сосовите содржат шеќер. Шеќер содржат најголем дел од доматните сосови, па дури и доматното пире. За да ги избегнете овие скриени шеќери, прочитајте го составот на етикетата. Ќе се изненадите дека од десеттина вакви производи, само на еден може да не го прочитате шеќерот во составот, на етикетата.

Пилешко месо

Уморни сте од работа и наједноставно ви е да купите готово пилешко месо спакувано во супермаркетот. Ваквото пилешко месо, покрај додатоците и конервансите, најчесто содржи и шеќер. Шеќер содржи и пилешката салама и пилешките виршли.

Мед

Иако е сладок сам по себе, индустријскиот мед често е збогатен со дополнителен шеќер. Со тоа производителите добиваат на количина, но го менуваат и вкусот на медот.

Зеленчук

Судбината на сосовите ја дели и конзервираниот зеленчук. Грашокот, морковот, а особено пченката содржат поголема количина на дополнителен шеќер.

Овошен јогурт

Јогурот е здрава намирница, а овошниот јогурт изгледа како идеален за диетите. Сепак, за да се сокрие киселкастиот вкус на обичниот јогурт, производителите додаваат овошје кое содржи многу шеќер. Подобро е сами да си додадете сечкано свежо овошје во чаша обичен јогурт.

Суво овошје

На љубителите на слатките за време на диетите им се препорачува суво овошје како замена за чоколада и кекси. Пакувањата суво овошје содржат голема количина на додаден шеќер.

Сок од портокал

Пакуваните сокови од портокал, и покрај тоа што на нив пишува сто отсто сок, содржат дополнителни шеќери. Истото важи и за лимонадата и ледениот чај. Поздрава варијанта е свежо цеден сок од портокал на кој ќе му додадете лимон и лажичка мед.

 

Слични објави

Разголена празнична честитка: Ивана Кнол го честиташе католичкиот Божиќ во костим за капење

Еспресо

(Видео) Најубавиот пар во Белград: Анастасија Ражнатовиќ уживаше во ноќно излегување во друштво со сопругот

Еспресо

Теодора Бјелица е бремена: Со хрватскиот фудбалер Карло Мухар го чека првото бебе

Еспресо

(Фото) „Колку е вредна оваа слика…“: Васил Гарванлиев го прослави католичкиот Божиќ со сопругот Џејсон во Чикаго

apostolova

(Видео) Весна Змијанац ја придржуваат додека оди, првпат во јавност по интервенцијата: „Не го почитувам она што ми го кажуваат лекарите“

Еспресо

Мајка ми зимаше плата 300 евра, а плаќаше рата за кредит 150 за јас да можам да се школувам: Исповед на познатата балерина

msp-admin
Се вчитува....