16:42 - 11 април, 2026

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Одредени намирници, како и промените во исхраната може да влијаат на намалување на лошиот холестерол.

Влакна. Само растителната храна содржи влакна, а растворливите се наоѓаат во намирниците како овес, семки, јаболка, цитрусно овошје, леќа и мешунки и се одлични за намалување на нивоата на холестеролот.

Јаткасти плодови. Ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и пекан ореви можат да влијаат на нивото на холестерол. Според Американската агенција за храна, ако јадете грст од овие плодови на ден, можете да го намалите и ризикот од срцеви болести. Сè што содржи многу сол можете да го замените токму со овие намирници.

Соја. Без оглед во кој облик ќе ја послужите, сојата е одличен начин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести така што ќе влијае на намалувањето на нивоата на холестеролот. Протеините од сојата се наоѓаат во тофу, јогуртот и млекото од соја…

Омега-3 масни киселини. Го намалуваат нивото на триглицериди и шансите за појава на срцеви проблеми. Токму овие маснотии ќе го намалат процесот на производство на триглицеридите во црниот дроб, а покрај тоа што имаат противвоспалителни својства, го намалуваат и таложењето на плак во артериите и ја разредуваат крвта. Целта е да внесете најмалку две порции омега-3 масни киселини неделно преку риба, а тоа вклучува лосос, туна или сардини.

Лук: Може да го намали нивото на холестеролот во крвта за неколку проценти, но само краткотрајно. Но, треба да се биде претпазлив, бидејќи лукот може да го продолжи крвавењето, затоа не смее да се зема пред операција.

Други билни производи: Повеќе студии докажале дека пискавецот, екстрактот од лист на артичока, ајдучка трева и босилек можат да помогнат во намалувањето на нивоата на холестеролот. Тука спаѓаат и ѓумбирот, куркумата и рузмаринот.

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....