3.8 C
Скопје
01:25 - 21 декември, 2024

ПСИХОЛОЗИТЕ ПОПОВА УЗУНСКИ И ЧУЧКОВА ОДГОВАРААТ: Како делува долготрајното носење на заштитни маски на менталното здравје на децата

Полека но сигурно, покрај гласот на родителите, почна да се слуша и гласот на здравиот разум на докторите! Сите ние сме сведоци на промените кои како на физичкото здравје, исто така имаат особено влијание и на менталното здравје на децата, поттикнато од долготрајното носење на маски, на кои се приморани при следење на настава во училиштата.

Во продолжение следува изјавата на Дора Попова Узунски, познат психолог и психотерапевт, и на професор Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и професор на факултет, кои од научен и стручен аспект, отворено и искрено зборуваат за последиците кои можат да настанат од носењето на маски.

Какви импликации може да има долготрајното носење маски за менталното здравје кај децата?

– Во моментов се уште нема бројни студии и научни разгледувања од психолошки аспект за тоа како влијаат маските на децата, меѓутоа тоа со кое што се согласуваат повеќето истражувачи е дека има големо влијание врз распознавањето на лицата и емоциите кои се од суштинско значење за луѓето. Имено, за да се пробие во светот, човекот, исто како и животните, треба да биде способен да препознава предмети. Светот е полн со нешта кои можат да ни помогнат или да не попречат додека се движиме во околината; разликата помеѓу двете е од витално значење. Лицата, сепак, се посебен вид на објект. Толку посебни, всушност, што имаат свој „специфичен недвижен имот“ во фронталниот резен на мозокот, кој е единствено одговорен за препознавање на нечие лице. Луѓето, како социјален вид, се потпираат на изразите на лицата за да соберат информации за емоциите и социјалните интеракции уште од рана возраст. Тие информации потоа помагаат да го формираме нашето однесување. Човечките лица, содржат мноштво. Без разлика дали се работи за радост олицетворена со смеење со отворена уста или суптилен презир на свиткана усна, луѓето од сите возрасти се потпираат на лицата на другите за да им помогнат да се движат во нивните социјални средини. Нашите изрази, без разлика дали имаме намера или не, ги пренесуваат сите видови на значајни информации. Ова е особено случај ако нашите зборови и изрази не се совпаѓаат. Ако немате толку многу информации за лицето, логично е дека обработката ќе биде попречена. Со оглед на тој афинитет, не е изненадувачки што многумина сега се прашуваат што може да значи покривањето на половина од лицето не само за развојот, туку и за социјалната и емоционалната обработка. Со маски кои ги прикриваат сугестивните искривувања на устата и носот, како секојдневното носење маски може да влијае на тоа како ние ги перципираме другите, а тие нас? Неможноста за таквото детектирање прави чувство на неизвесност, особено кога човек е дел од група, а најмногу тоа е изразено кај децата, бидејќи во својот развој тие се посебно чувствителни на туѓите емоционални ставови кон нив, најмногу кога се наоѓаат во училишните клупи. Незнаењето за тоа што некој мисли и чувствува, неможноста детето да го забележи тоа создава чувство на грч и анксиозност. Да не зборуваме понатаму за тоа дека децата не се препознаваат меѓу себе кои се како и за срамот и стравот да побараат да ја спуштат маската ако поради било која причина не се чувствуваат добро во неа – вели Дора Попова Узуновски, психолог и психотерапевт.

– Од друга страна, пак според она што го гледаме на терен, покрај здравствените проблеми на кои што укажуваат медицинските лица, долгото носење маски во училиште носат и чести промени во менталното здравје. Во зависност од тоа на која возраст е детето, најштетно поминуваат сепак најмалите од прво до деветто одделение. Поради актуелните развојни фази и воедно најбурниот развоен период кај многу од децата маската го влошува развојот. Децата кои претходно имале проблем со комуникација, биле по затворени и плашливи, започнуваат маската да ја доживуваат како нешто зад кое може да се сокријат. Многу често во нивното однесување се забележува покривање на лицето со маска и кога се надвор или кога ќе се најдат во ситуација каде што имаат потешкотија да се изразат. Кај поотворените (екстровертни) деца, кои лесно комуницираат и сакаат да се искажат, маската создава голема фрустрација. Започнуваат да се доживуваат неслушнати, маската ја доживуваат како забрана и пречка во остварувањето на контакт со другите. Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација -наведува Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и проф. на факултет.

Колку целата пандемија има влијание врз децата?

Чучкова потенцира дека во средина во која кај возрасните е нарушено основното чувство на стабилност во секоја сфера од животот, неизбежна е и последицата врз здравјето на детето. Ова го објаснува и последното кое што е споменато погоре. Алармантна е состојбата со најмладата популација училишни деца. Бројот на несигурни,исплашени,повлечени деца нагло се зголемува. Несигурноста и исплашеноста кај возрасните делува многу вознемирувачки кај децата. Кога “супер херојот ” во детските очи почнува да ги губи моќите да контролира, во овие развојни години кај нив создава голема несигурност кон надворешниот свет. Да видите дете кое што е преплашено за својата мајка или татко, нешто да не им се случи , навистина е немила глетка. Деца кои навечер легнуваат со болки во стомачето од страв, деца кои почнуваат да имаат говорни тикови, се еден дел од најчестите случаи во кабинетите кај психолозите и терапевтите. Мора да се создава релаксирачка атмосфера во училиштата, повеќе работилници, повеќе разговарање, многу повеќе движење и играње. Периодот во кој што се наоѓаме веќе две години е многу голем временски период во развојот на детето. Кај децата развојот е многу брз, во две години завршуваат со развој на цела фаза. Мора да станеме свесни дека ситуацијата бара итност и ангажираност на сите училишни психолози.

unplash

Што можеме да сториме како родители за да подобриме тоа?

Според Дора П. Узуновски, прашањето е комплицирано, исто колку што е одговорот комплициран. Таа вели дека да ја прифаќаа луѓето можноста за смрт, животот ќе беше сосема поинаков, па така веројатно немаше ни самата пандемија да постои или да го испровоцира исплашеното однесување до степен на максимум. Стравот е најмоќното оружје за еден човек да се држи затворен, зависен и под контрола. Во овој случај стравот на личноста не зависи од тоа дали таа е родител или не. Стравот на личноста зависи од нејзината свесност за прифаќањето на можноста за смрт. Колку таа свесност кај родителот како личност е повисока, толку личноста ќе чувствува поголем душевен мир и од тука се разбира доаѓа моментот колку родителот е во душевен мир со самиот себе, толку детето ќе го има тој мир. Поради тоа, одговорот на прашањето тешко е да биде парцијален. Џабе е ако им се зборува на децата да не се плашат, кога гледаат дека родителот е исплашен. Детето никогаш нема да го слуша родителот што му зборува, туку ќе го гледа што прави. Детето не е во можност да постави јасна граница меѓу него и родителот и да одлучи дека тоа нема да афектира на него. Факт е дека пандемијата ги подели луѓето, се изгубија многу пријателства и дружби до степен што луѓето развија дури и омраза и гнев едни кон други. Децата го гледаат тоа. Како едно дете кое има преплашен родител може да се дружи со друго дете, чиј родител не е исплашен? Во старт е блокирана комуникацијата. Можеби маските и не се најголемиот проблем во целата ситуација, туку други актуелни нешта имаат многу поголеми последици. Маските се само едно делче од целиот мозаик. Исплашените родители имаат добро објаснување за децата во врска со носењето на маските. Му вели…„тоа е за твое добро“. На нив им е далеку полесно во целава оваа ситуација. Нивниот конфликт е помал, бидејќи тие за залагаат за мерки кои го поддржуваат стравот и тие мерки постојат во реалноста. Прашувате што можеме да подобриме како родители? Овие родители не мислат дека нешто треба да се подобрува. За нив е реално сето ова што се случува, дури некои од нив не мислат дека има и проблем, едноставно така треба да биде. Повеќе се збунети родителите кои не се исплашени. Таквиот родител треба да му објасни на детето дека тоа треба да носи маска без реална причина. Детето мора да ја носи маска сакало или нејќело. Ако биде поразлично во средината, може да биде одбегнато и отфрлено од другите деца. Ставовите се премногу субјективни. Проблем е поделеноста. Ако постоеше обединетост и еден единствен став, работите ќе беа полесни. Вака останува борбата и текот на времето кое ќе ја покаже вистината.

– Денес, ПЕТОК, во 18 часот цела Македонија ќе стане на нозе и ќе го пушти слободно својот глас! Ние РОДИТЕЛИТЕ сме гласот на нашите деца! Дајте да се избориме за нивните права! Тоа ни е работа на нас како родители, да се бориме за нашите деца, да го заштитиме нивното здравје, да ги израснеме во здрави индивидуи! Без изговори, без страв и сомнеж, да не потфрлиме во ова! Тоа најмногу од се им го должиме на нашите деца! АЈДЕ ДА БИДЕМЕ СОВЕСНИ РОДИТЕЛИ!, велат родителите кои се организатори на денешниот протест.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....