6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

Непријатниот мирис на телото укажува на болест на бубрезите

Некои мириси можат да бидат сигнал дека нешто не е во ред со здравјето. Непријатниот мирис на телото, урината или на столицата укажува на проблеми.

Лекарите објаснуваат дека постои синдром на мирис на риба, кој е ретка генетска појава, при што телото мириса на риба, како овенат, расипан зеленчук или соја. Друга појава е болеста предизвикана од вештачките засладувачи, поради кои телото поприма непријатен мирис.

Непријатните мириси се поврзани со болестите на црниот дроб, дијабетес, болестите на бубрезите, но и со чудниот мирис на лош здив и пот.

Потта од стрес има најнепријатен мирис бидејќи ја произведуваат само жлездите што се наоѓаат на скалпот, пазувите и на препоните.

Ако забележите дека вашата пот има мирис на урина, знајте дека телото се обидува да ви каже нешто. Овој мирис значи дека нешто не е во ред со вашите бубрези. Кога бубрезите се оштетени, тие не можат да ги филтрираат токсините од крвта, така што тие не се излачуваат со мокрењето, што доведува до зголемување на нивото на отрови во крвотокот. Овие токсини тогаш се принудени да се излачуваат преку потта низ кожата, што доведува до тоа мирисот на потта или здивот да биде кисел налик на нефилтрирана урина.

За да го промените мирисот на потта, обидете се на јазикот секој ден да ставате капка или две масло од нане.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....