12:19 - 31 јануари, 2026

Колку ќе трае имунитетот по вакцинацијата: Две години или доживотно, откриваат лекарите!

Unsplash

Германскиот имунолог верува дека вакцинацијата ќе ја смири глобалната епидемија на коронавирус и дека имунитетот ќе трае најмалку две години.

Фармацевтските компании ни дадоа надеж за масовна имунизација од коронавирусот. Но, дали една вакцинација ќе не заштити од инфекција до крајот на животот или само неколку месеци?

Unsplash
Unsplash

Вестите за развој на вакцини звучат одлично. Кандидатите на „Модерна“ и „Фајзер“ нудат 90 процентна заштита од ковид-19, а вакцината „Астра Зенека“ најмалку 70 проценти. И додека внимателно гледаме на животот по пандемијата, надевајќи се дека вакцината само ќе ја претвори во меморија, главното прашање е колку долго луѓето ќе бидат заштитени од вирусот.

Unsplash
Unsplash

Сè уште е рано да се одговори бидејќи досега немаше долгорочни студии. Неодамнешното истражување на калифорнискиот институт за имунологија во Ла Џола, спроведено врз заразени лица, открило антитела и Т-клетки – двете главни оружја на човечкиот имунолошки систем најмалку пет месеци по инфекцијата, дури и кај оние со лесни симптоми.

Овие се охрабрувачки податоци, имајќи предвид дека нашиот одбранбен систем има неколку различни начини на дејствување, рече Томас Џејкобс од Институтот за тропска медицина Берхард Нох во Хамбург.

Unsplash
Unsplash

Оваа студија укажува на постоење на стерилен имунитет, односно оној што го уништува вирусот пред да навлезе во клетките, рече Џејкобс. А соодветните вакцини може дури и да предизвикаат подобар одговор на антитела отколку природна инфекција, нагласи тој.

Покрај тоа, одговорот на Т-клетките, односно специфичните лимфоцити за борба против вирусите, траеше неколку месеци, што укажува на развој на клинички имунитет, вели Џејкобс. Ова значи дека пациентите ќе имаат само благи симптоми, како оние слични на обичната настинка.

Unsplash
Unsplash

Сепак, врз основа на тоа, не можеме да претпоставиме дека вакцината ќе гарантира доживотен имунитет.

Вакцината создава посилен имунитет

Карстен Вокл, имунолог од институтот Лајбниц во Дортмунд, вели дека едно лице обично е заштитено од една година до една и пол година откако е заразено со поблаги коронавируси, како што се оние што предизвикуваат настинка.

„Не можете да го споредите имунолошкиот одговор на организмот по природна инфекција со оној што следи по вакцинирањето затоа што е многу поефикасен“, рече Вокл, генерален секретар на Германското имунолошко друштво, истакнувајќи дека луѓето затоа се надеваат дека вакцините ќе гарантираат подолг имунитет.

За ризичните групи како што се корисниците на домови за стари лица, поважно е да се создаде вакцина која ќе гарантира стерилен имунитет, додека за општата популација, клиничкиот имунитет веројатно би бил доволен, рече Џејкобс.

Unsplash
Unsplash

Засега е непознато дали вакцината ќе спречи ширење на вирусот.

„Во случај на силен одговор на антитела, тоа е малку веројатно“, рече Џејкобс, додавајќи дека може да има таков ризик во клиничкиот имунитет, но ќе бидат потребни дополнителни тестови за да се утврди тој факт.

Unsplash
Unsplash

Имунологот Вокл вели дека вакцините прво ќе ја смират состојбата на глобално ниво.

Дури и ако населението биде заштитено само две години, секој што сака може повторно да се вакцинира и без сомнение, повеќе нема да имаме пандемија, рече тој.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....