1.8 C
Скопје
23:59 - 23 февруари, 2026

КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНАВИРУСОТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР: Проследете ги истражувањата

Unsplash

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека ковид -19 се пренесува во затворен простор, а најновите истражувања покажаа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите се заразиле со коронависрусот на отворено, главно на концерти и спортски настани, објави денес Хина.

Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е разгледана, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде што луѓето некое време престојувале и се движеле, зборувајќи гласно или пеејќи.

– Не идентификувавме скоро никакви случаи кои би биле поврзани со секојдневниот живот на отворено, изјави авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери во Кент.

Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку во затворен простор.

Покрај британците, во студијата учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

Ризикот е помал затоа што вирусот е разреден во атмосферата, нешто слично се случува како кај чадот од цигари – заклучува експертот.

Стив Илеге, генетичар и експерт за вируси на Харвард, рече дека „сè уште не е познато колку аеросол се неопходен за инфекцијата, но колку е посилен, толку е поголема можноста од инфекција“.

Хина додава дека времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор.Теоретски, можно е лицето да се зарази на отворено.

Нема докази дека вирусот корона се пренесува со поминување на луѓе на отворено. Кога поминуваме покрај луѓето, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал – заклучи група експерти.

Во јули, во студија од Кина, од 7.300 луѓе, само едно лице се заразило на отворено за време на разговор со заразен човек, објави „Њујорк тајмс“.

Слични објави

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Еспресо

(Видео) Луксузната вила на Каќа Живковиќ: Пејачката го покажа раскошниот амбиент

Еспресо

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Еспресо

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо
Се вчитува....