3.8 C
Скопје
22:54 - 11 март, 2026

Како симптомите на коронавирусот напредуваат по денови и кога можат да се влошат?

Ковид-19 продолжува да влијае на нашиот живот и да ги нарушува нашите навики – и во економска и во емоционална смисла. Иако сите сме свесни за ризиците кои смртоносниот коронавирус ги претставува за нашиот живот, важно е да се разбере и симптоматскиот временски редослед кој вирусот го следи во текот на траењето на инфекцијата.

Првиот симптом на коронавирусот е најчесто температурата, но и тоа може да се влоши. Коронавирусот е респираторна болест, па затоа симптомите се многу слични на симптомите на настинката или грипот. Најчести симптоми се сува кашлица, температура, болки во грлото, затнат нос, болка во градите и отежнато дишење, замор, гастроинтестинална инфекција, како и губење на мирис и вкус.

Според неодамнешното истражување спроведено од истражувачи од болницата „Џонгнан“ на универзитетот во Вухан, сличен образец на симптоми е утврден кај 140 пациенти кои имале позитивен тест на вирусот. Истражувањето сугерирало дека кај околу 99 отсто од пациентите се појавила висока температура, а повеќе од половина чувствувале замор и имале сува кашлица. Околу една третина имале и болки во мускулите и отежнато дишење.

Еве временски редослед што покажува како се развиваат симптомите кај повеќето пациенти:

Прв ден: Првиот симптом на коронавирусот обично се појавува во форма на треска. Некои може да почувствуваат замор, болки во мускулите и сува кашлица, а мал број од нив имаат пролив или мачнини еден или два дена пред тоа. Овие симптоми обично траат четири дена.

Петти ден: Пациентите може да страдаат од болки во градите и отежнато дишење – особено ако се постари или веќе имаат некои хронични заболувања.

Седми ден: Според студијата на Универзитетот во Вухан, овој ден се одлучува дали пациентот треба да биде хоспитализиран или може да остане во самоизолација.

Осми ден: На овој ден кај тешко заболените од ковид-19 се развива синдром на акутен респираторен дистрес (AРДС), болест кај која во белите дробови се таложат течности.

Десетти ден: Ако симптомите продолжат да се влошуваат на десеттиот ден, пациентот веројатно ќе биде примен во одделот за интензивна нега. Овие пациенти веројатно имаат посилни болки во стомакот и недостаток на апетит отколку кај поблагите случаи.

Седумнаесетти ден: Обично на овој ден луѓето кои закрепнуваат или имаат благи симптоми ги отпуштаат од болница.

Иако научниците и медицинските истражувачи сè уште работат на развојот на клинички одобрена вакцина, потребно е и понатаму да бидеме претпазливи и да се придржуваме до пропишаните мерки со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Покрај тоа, ако се чувствувате заразени или имате симптоми, препорачливо е да се изолирате од другите најмалку две недели или додека тестот не утврди дека сте негативни, пренесува „И-Tајмс“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....