21:36 - 18 декември, 2025

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ КВАЛИТЕТНИОТ МЕД: Купувате ли природен или „лажен“ мед?

Медот е здрава намирница која ја конзумираме во текот на целата година, но особено за време на зимскиот период. Кога сме настинати, прво што помислуваме е чај со природен мед, а за енергичен почеток на денот и подобрување на имунитетот лажичка мед ставаме во здравите смути кои ги подготвуваме наутро. Но пазарот е полн со секакви видови на мед, поевтини или поскапи, а цената не е гаранција за квалитетот. Лажниот мед е насекаде кој се подготвува со шеќерен или пченичен сируп, адитиви и бои.

Како да го препознаеме природниот мед?

Природниот мед не е леплив

Протријте малку од медот меѓу показалецот и палецот, па ако прстите се лепат, значи дека медот содржи шеќер и некои други засладувачи.

Природниот мед не содржи вода

Ставите неколку капки мед на хартиена салветка. На вистинскиот мед ќе му треба доста време да пробие низ хартијата зашто не содржи вода.

Природниот мед не се топи веднаш во вода

Наполнете чаша со вода и додадете лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот веднаш ќе почне да се топи.

Природниот мед го стврднува лебот

Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, додека вештачкиот ќе го натопи лебот.

Природниот мед „боцка“ во устата

Пред да проголтате природен мед ќе почувствувате боцкање во устата, кое нема да го почувтвувате кај вештачкиот мед.

Природниот мед со време се кристализира

Вистинскиот мед со време се кристализира што не е случај со лажниот мед.

Природниот мед не пречи во процесот на запалување

Врв на чкорче натопете го во мед и пробајте потоа да го запалите. Природниот мед нема да пречи во процесот на запалување, за разлика од лажниот кој содржи вода.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....