17.8 C
Скопје
16:15 - 14 март, 2026

Италијански професор тврди дека коронавирусот ги уништува белите дробови до непрепознатливост

Професорот Мауро Гјача од Кралскиот колеџ во Лондон, кој е експерт за кардиоваскуларни болести, одржа предавање пред Одборот за наука и технологија на Британскиот дом на лордови, каде што ги презентирал своите заклучоци за ковид-19.

Претходно ги проучувал резултатите од обдукцијата на лица што починале од коронавирус, а поради оваа болест тие поминале еден месец или повеќе на интензивна нега или во болница.

Професорот дошол до заклучок дека кај таквите пациенти коронавирусот оставил значителни оштетувања. Може да ги оштети белите дробови кај луѓето што починале од коронавирус до непрепознатливост, вели професор Гјача.

Тој рекол и дека коронавирусот кај лицата кои поради болеста поминале во болница повеќе од еден месец, создава штета што резултира со „целосно нарушување на архитектурата на белите дробови“.

Сето ова го рекол пред Одборот на британскиот парламент за наука и технологија откако ги проучил обдукциите на пациентите што во Италија починале по 30-40 дена на интензивна нега.

– Понекогаш е тешко да се каже дека тоа навистина биле бели дробови – рекол професорот.

Притоа тој открил и дека големи количества вируси и натаму биле во белите дробови на пациентот, но открил и голем број споени клетки, што е невообичаено.

– Она што го пронаоѓаме во белите дробови кај лицата што имале коронавирус повеќе од еден месец пред да починат е целосно спротивно на она што го наоѓаме кај лицата кои, на пример, боледувале од воспаление на белите дробови, грип или од САРС – рекол тој.

– Гледаме масивна тромбоза. Дошло до целосно нарушување на архитектурата на белите дробови, а понекогаш не може ни да се утврди дека тоа навистина биле бели дробови – истакнал професорот.

Тој додал и дека наоѓаат голем број поврзани клетки што се позитивни на коронавирусот.

„Убеден сум дека патологијата на коронавирусот поради тоа е толку уникатна. Ова не е болест предизвикана од вирус кој убива клетки, што е многу важно за неговото лекување.“

Слични објави

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо
Се вчитува....