15:51 - 27 февруари, 2025

Интервју со д-р Елена Амбаркова Виларова од Клиника „Жан Митрев“: Пациентот е во центарот на нашето внимание

Д-р Елена Амбаркова Виларова е специјалист по трансфузиологија, директор за менаџмент на процеси и акредитација и дел од тимот за дигитализација во Клиничката болница „Жан Митрев“. Во ова интервју таа говори за сите нејзини ангажмани во клиниката, почнувајќи од тоа зошто е потребно да се акредитираат и реакредитираат медицинските установи со цел да се задржи квалитетот во работењето, до важноста од воведување на дигитализација во сите процеси од работењето.

Претходно медицински директор, а од минатата година сте именувани за директорка за менаџмент на процеси и акредитација во Клиниката „Жан Митрев“. Што значи оваа функција?

– Сѐ почнува и сѐ завршува со нашата главна определба „Пациентот е во центарот на нашето внимание“ и сите процеси се поставуваат, развиваат и оптимизираат за прво, да се подобри квалитетот на здравствената услуга и второ, да се олесни и забрза работата на медицинските работници, да се скрати „празниот од“ во текот на нивното работење и да се оптимизираат човечките и материјалните ресурси во дадените процеси. Ова е континуиран ангажман, затоа во суштина воспоставување на еден процес е условно кажано, полесниот дел, а контролата дали тоа се спроведува по пропишаниот протокол е потешкиот и поважен дел, затоа што тоа директно влијае на континуираниот квалитет на медицинските услуги, а со тоа и на задоволството на пациентот.

Што значи акредитацијата за една болница?

– Нашата болница е акредитирана и реакредитирана со престижната ЈЦИ (JCI) акредитација, но исто така и со македонската акредитација на здравствени установи. Акредитацијата всушност значи етаблирање на меѓународно прифатени правила и процеси во здравствената дејност и нивно континуирано спроведување од страна на целиот персонал, а сѐ со цел подигнување на квалитетот на медицинските услуги и безбедноста на пациентот, како и безбедноста на персоналот и болницата. Едно е самите да мислиме дека сме најдобри, но само евалуацијата од релевантни институции може всушност да го потврди тоа. Мислам дека сите здравствени установи во Македонија би требало да се акредитираат, македонската акредитација е солидна, а понатаму и континуирано да се реакредитираат. Според мое мислење, овој процес е важен дел од унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги во Македонија, но уште поважно, од причина што реакредитациите се на секои три години за да се одржува истиот.

Фото: Промо

Клиниката „Жан Митрев“ е првата целосно дигитализирана болница во регионот. Koja е Вашата улога во тимот за дигитализација во Клиничката болница „Жан Митрев“?

– Да, ние сме прва целосно дигитализирана болница во регионов, а јас сум медицинската поддршка во тимот за дигитализација. Ние имаме сопствен медицински болнички информациски систем ХИС (HIS) кој самите го креиравме согласно нашите процеси на работа. Покрај медицинскиот софтвер, имаме и софтвери за материјално и сметководствено работење, софтвер за правни работи и човечки ресурси, софтвер за ресторантско работење и сите тие се интегрирани со ХИС. Mојата улога е, условно кажано, да им ги „дообјаснам“ процесите на ИТ-инженерите за да можат да ги трансформираат од аналогни во дигитални, да ги тестирам и да понудам конкретни решенија за оптимизација на истите. Во креирањето на ХИС беа вклучени сите медицински профили, а сѐ со цел да се олесни транзицијата и прифаќањето на дигитализацијата од страна на персоналот, што всушност е и најтешкиот дел од процесот.

Како лекар клинички трансфузиолог, кој е Вашиот секојдневен ангажман во болницата?

– Примарната дејност на еден трансфузиолог е навремено обезбедување на крв и крвни компоненти за секој пациент. Крвта е ограничен ресурс од хумано потекло што може да спаси живот, но трансфузија на истата може да предизвика и низа несакани ефекти кои сериозно може да го загрозат здравјето на пациентот. Затоа, рационалната употреба на крв отсекогаш била главна определба на болницата. Тука е и секојдневниот ангажман во амбулантата за дијагностицирање и третман на тромботични и хеморагични заболувања, како и дијагностика на венската слабост (проширени вени), кои понатаму ги третираат хирурзите. Тромбемболиските заболувања се потенцијално животозагрозувачки состојби и можат да предизвикаат сериозни компликации кај оперираните и тешко болните пациенти. Затоа, навремената дијагноза и терапија, но и превенцијата на венскиот тромебмболизам е многу важна, особено што денес медицината со модерни дијагностички процедури и лекови го овозможува тоа.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

Комерцијален ПР текст

Слични објави

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Најпосакуваниот подарок за роденден

Еспресо

Пет причини зошто да ја одберете Европска очна болница: Персонализирани третмани и иновативни решенија за оптимален вид

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Прецизна уролошка метода за решавање на машкиот стерилитет

Еспресо

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е ПАП-тест и зошто треба редовно да се прави

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

Еспресо
Се вчитува....