Откако офталмологот д-р Дејан Ставриќ ја води хирургијата во Европска очна болница, во последниве три години, апсолутно е оправдана довербата на државата за квотата од Фондот која ѝ е дадена на болницата и нема поплаки од операциите на катаракта. А се изведуваат околу две илјади операции годишно од кои најголем дел припаѓаат на операции на катаракта. Хирургијата на катаракта е востановена како фако хирургија, метода која д-р Ставриќ уште пред дваесетина години ја воведе на Клиниката за очни болести. Денес е широко востановена метода која се работи стандардно, и претставува златен стандард за операција на перде. Д-р Ставриќ беше и национален едукатор за фако хирургија во Клиничката болница во Скопје, Битола, Штип и Тетово. Од минатата година е претседател на Здружението на офталмолози на Македонија.
Што претставува катарактата и какви се статистичките податоци за нејзината појава и третман?
– Катарактата е статистички најчестото офталмолошко хируршко заболување. Најголем дел од операциите на око се однесуваат на катаракта, односно 65-70 отсто според светската и нашата сатистика. Катарактата е разновидна, постојат и вродени катаракти, но најголем дел се стекнати. Од стекнатите, најголем дел се сенилни катаракти, и најчесто се асоцирани со други хронични заболувања кои ги носи возраста на пациентите, над 60 години – метаболните заболувања како дијабетес мелитус, циркулаторните заболувања, хипертензијата и речиси сите автоимуни заболувања придонесуваат за развој и ја отежнуваат катарактата. Многу е важно да се утврди степенот на катаракта. Во нашата земја, како и во земјите од регионот, карактеристично е луѓето релативно доцна да се јавуваат за операција на катаракта, односно, доаѓаат кога веќе навистина не можат да функционираат.
Дали решавањето на катарактата е исклучиво хируршко?
– Нема друг начин. И многу е важно, пред сѐ, хирургот да е обучен и вешт. Важна е и подготовката. Во подготовката е важно да знаеме сѐ за здравствената состојба на пациентот, да ги направиме сите потребни анализи, зашто од тоа како се развива катарактата и кој степен е, зависи изборот на хируршката метода. Секој посебен вид на катаракта, или катаракта во одреден степен, бара посебен хируршки пристап.
Колку трае операцијата и секогаш ли е успешна?
– Операцијата е релативно кратка, трае од две до седум минути, односно, просечно времетраење е четири минути. Се разбира дека не постои ниедна хируршка метода која е сто отсто успешна, меѓутоа, катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи, со успешност над 99 отсто. Затоа се нарекува елективна или планирана хирургија, зашто се трудиме максимално да се предвидат сите можни интра или постоперативни ризици и тие соодветно да се избегнат. Методата е амбулантска, значи, пациентите доаѓаат, се оперираат и си одат дома истиот ден. Окото е преврзано околу еден час по операцијата, но пациентот веднаш се враќа на своите активности, а веќе следниот ден нема ограничувања за физички активности, за лична хигиена, исхрана и тн.
Претседател сте на Здружението на офталмолози на Македонија, кои се целите и активностите на здружението?
– Од мината година, кога бев избран за претседател на здружението, до сега, имавме два исклучително усшешни симпозиуми. Првиот во март, кога е неделата на глаукомот, имавме симпозиум за глауком со гости од секаде од регионот. Вториот во ноември, со досега рекордно учество на речиси целото членство. Имаше богата програма, предавања од областа на хирургија на катаракта и од другите оперативни области, но и дел посветен на иднината на офталмологијата и промените кои се случуваат во смисла на вештачка интелигенција и нејзиниот влез во нашата пракса, во дијагностиката и во оперативата. Имавме извонредни гости од регионот, од Грција, од Косово, од Србија, од Германија пак, свое излагање имаше висок претставник на Европското здружение на катарактна и рефлективна хирургија. Нашите членови се запознаа со актуелните трендови во светската офталмологија. А, за мај 2025 година, планираме конгрес за хирургија на предниот сегмент на окото, каде што апсолутен мајоритет има хирургијата на катаракта.
Една од целите на двете здруженија, Здружението на офталмолози на Македонија и Асоцијацијата за офтална хирургија е континуираната медицинска едукација да се подобри. Ние како лекари, како специјалисти, мора постојано да се унапредуваме и да постигнуваме нови стандарди. Друга, не помалку важна цел, е едукацијата на младите специјалисти. Не само кај нас, туку и во Европа и во светот, постои незадоволство кај околу 40 отсто од младите специјалисти-офталмолози со обуката и специјализацијата која ја поминале, односно, не се стекнале со одредени вештини. Целта е на нашите специјалисти да им се даде можност за стекнување вештини и унапредување во дијагностиката и во хирургијата.
Експертскиот тим на Европска очна болница е тука за вас, закажете го вашиот третман или консултација на телефоните 02 20 50 999 / 070 309 126
(Комерцијален текст)