8.8 C
Скопје
13:50 - 22 декември, 2024

ХРАНА КОЈА СПРЕЧУВА ОПАЃАЊЕ НА КОСА: Покрај препаратите и естетските процедури, косата може да ја заштитите и со одредени намирници

Губењето на косата (алопеција) има низа причини, вклучувајќи ги хормоналните проблеми, болестите, земањето одредени видови лекови, наследните фактори, стресот и негативните влијанија од околината. Постојат неколку видови на алопеција – кај некои алопеции се забележува жариште на опаѓање на косата, додека кај други, косата се разредува на целиот скалп.

Дали знаете дека постојат намирници кои го спречуваат опаѓањето на косата? Секој од вас овие намирници ги има дома, или барем тие се достапни за купување на секој пазар или маркет за храна.

Губењето на косата денес е проблем на милиони мажи и жени. И колку и да е често, тоа е несомнено стресно искуство за луѓето од двата пола. Кај луѓето со овој проблем често се појавува драматичен пад на самодовербата, се чувствуваат помалку привлечно, се повлекуваат во себе, па дури и паѓаат во депресија.

Губење на косата кај жените обично се јавува на постара возраст во споредба со мажите, но, за жал, и помладите жени не се заштитени од разните форми на опаѓање на косата. Некои облици на опаѓање на косата може да се запрат со правилна нега, промена на навиките, третмани со мезотерапија или со одредени лекови – пораната интервенција значи и поголема шанса за успех.

Покрај препаратите и естетските процедури, косата може да ја заштитите и со одредени намирници.

Омега-3 масни киселини

Тие се важни за целокупното здравје, но исто така го забрзуваат растот на косата и ја прават убава и сјајна. Ако се борите и со инсулинот, лососот може да му помогне на организмот подобро да го процесира. Лососот содржи и витамин Д, кој ќе го стимулира растот на фоликулите, а за оние на кои им е потребно обновување, овој витамин ќе помогне во регенерацијата.

Појадокот може да ви овозможи да имате совршена коса

Овесната каша е еден од најлесните појадоци за подготвување, а може да направи чуда за вашата коса. Оваа намирница е полна со растителни влакна, цинк, киселини и полузаситени масни киселини. Оваа комбинација на силни состојки ќе го стимулира растот на косата, особено на силните и здрави влакна.

Јадете кикирики

На многумина не им се допаѓаат, но сепак, повеќето го обожаваат нивниот слаткаст вкус. Треба да знаете дека кикириките се одлични за здрава коса, бидејќи се извор на биотин, за кој е докажано дека го стимулира растот и го спречува опаѓање на косата. Само неколку грстови кикирики ќе ви дадат протеини, влакна и антиоксиданти. Наместо кикирики, можете да јадете и путер.

Вашата коса сака јајце

Јајца сигурно секогаш имате во фрижидерот, што значи дека можете веднаш да направите нешто за убава коса. Јајцата содржат многу протеини и важни хранливи состојки, кои косата ги сака – витамини А и Д, Б12.

Не заборавајте на витаминот Д

Од сите хранливи материи што се наоѓаат во јајцето, витаминот Д е сигурно најважниот за вашата коса. Студиите докажаа дека овој витамин помага да се создадат нови фоликули на косата, а тие ќе помогнат да растат нови влакна.

Како школките можат да помогнат?

Остригите се познати по тоа дека стимулираат многу работи, но можеби не сте знаеле дека овој деликатес може да го спречи опаѓањето на косата, затоа што содржат големи количини на цинк, а недостатокот на овој минерал ќе предизвика опаѓање на косата. Цинкот е потребно да се консумира околу 5 мг на еден килограм телесна тежина.
Ако изедете шест школки, сте внеле околу 30 мг цинк, што е одлична количина за здрава и силна коса. Ако не сте љубител на остриги, јадете грашок или месо.

Јадете спанаќ за убава коса

Уште една намирница којашто би требало да ја вклучите во исхраната ако сакате убава коса е спанаќот. Содржи магнезиум, железо и фолна киселина. Има и витамин Ц, кој ги штити клетките од надворешните штетни влијанија, но исто така и мембраните на фоликулата.

Обидете се со морковот

Секој знае колку е добар за здравјето на очите, односно на видот, но морковот ѝ помага и на косата. Ако е сува и безживотна, морковот ќе ги стимулира жлездите на скалпот. Морковот е едноставен за вклучување во исхраната, можете да го грицкате суров или како додаток на зготвените јадења.

Не заборавајте на внесот на железото

Железото е клучно за производство на хемоглобинот, дел од крвта што ги носи клетките на кислородот во органите и ткивата. Кога хемоглобинот е на нормално ниво, целото тело, вклучувајќи ја и косата, има доволно крв, па затоа се стимулира нормален раст на косата. Ако сакате да додадете железо во исхраната, паметен избор е сушеното овошје или сокот од вишни. Јајцата, урмите, сувото грозје, лиснатиот и темно зелен зеленчук, како и целите зрна житарки се исто така богати со железо. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото, па затоа овошјето како јагоди, лимони или портокали треба да бидат дел од вашата исхрана.

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....