1.8 C
Скопје
11:23 - 18 декември, 2025

Дали сум бремена? Седум главни разлики меѓу рана бременост и ПМС

Симптомите, како што се зголемен апетит, чувствителни гради и раздразливост, најчесто ги поврзуваме со предменструалниот синдром (ПМС), но многу слични појави се појавуваат и во текот на раната бременост. Хормоните во двата случаи предизвикуваат промени во телото, а како да ги разликуваме?

  1. ИМПЛАНТАЦИСКО КРВАВЕЊЕ
    Ова е еден од првите знаци за бременост, кој често може да се замени со менструацијата. Се појавува од шестиот до 12. ден од зачнувањето, кога ембрионот се прицврстува за ѕидот на матката и поттикнува лесно крвавење, проследено со грчеви. Бидејќи сите овие симптоми укажуваат на менструација, треба да се обрне внимание на количината на крвавењето, кое во овој случај е мошне помало.
  2. ЧУВСТВИТЕЛНИ ГРАДИ
    Иако чувствителните гради спаѓаат во најчестите симптоми на ПМС, тие се и први од симптомите на бременоста, кога во тој случај, градите стануваат отечени, а ареолите потемни. Освен тоа, чувствителноста на градите во раната бременост не престанува по неколку дена, туку таа станува сѐ почеста.
  3. НЕВООБИЧАЕН ЗАМОР
    Исцрпеноста при вообичаените активности, зголемената потреба за одмор и зачестениот замор се некои од првите знаци на бременост. Тие најчесто се појавуваат во првото тримесечје, кога телото се навикнува на новите промени.
  4. ЧЕСТО ОДЕЊЕ ВО ТОАЛЕТ
    Честото уринирање, кое не е придружено со грчеви и болки, како што обично се случува при менструацијата, е еден од симптомите на бременост. Тоа се случува поради ширење на матката, која го притиска мочниот меур. Во текот на бременоста, телото природно произведува повеќе течности, поточно се појавува поголема потреба за внесување течности, бидејќи жедта е интензивирана.
  5. МАЧНИНА И ПРЕЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА МИРИСИ
    Интензивната потреба за одредени вкусови, слатки или солени, е добро познат симптом за ПМС, како и чувството на тежок желудник. Но, тоа не е исто како и чувството на мачнини проследени со повраќање, кои се јавуваат наутро и навечер, а се добро познати како симптом на бременост.
  6. ВРТОГЛАВИЦА
    Наглите вртоглавици и чувството на слабост кај ПМС најчесто се јавуваат како последица на големите болки што исчезнуваат кога циклусот ќе заврши. Но доколку овие симптоми траат подолг период, а менструацијата изостане, тоа укажува на бременост. Слабоста предизвикува ширење на матката, која врши притисок во артериите на нозете и предизвикува намалување на крвниот притисок.
  7. ЗГОЛЕМЕНА ТЕМПЕРАТУРА
    Зголемената температура на телото и честите бранови на жештина се најчести симптоми на раната бременост. Честата жештина најчесто е придружена со потење и чувство на непријатност.

Слични објави

Таа знае да ми дувне во моето жарче за да се одржи огнот во мене: Изненадување од посебна личност за Јордан Митев

msp-admin

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Еспресо

(Фото) Кафе со Анушка: Спасен Силјановски го покажа убавиот дом

msp-admin

Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинката на својот син, секој ден доаѓа возач да го земе малиот Александар

Еспресо

(Видео) Татјана Лазаревска го покажа домот во Австралија, еве што направија со Маријана Новачевска

Еспресо

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Еспресо
Се вчитува....