6.8 C
Скопје
15:55 - 22 декември, 2024

Д-р Крстеска: Со протоколот на липосукциска исхрана, мастите се претвораат во енергија

Липосукциската диетотерапија е повеќе од диета. „Ги споивме признатите европски препораки, медитеранската исхрана и одобрените помошни средства за слабеење. Резултатот е диетотерапија, која на здрав, брз и ефикасен начин, дава трајни резултати. За само две недели се губат 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина, со значајно намалување на обемот во критичните зони. Затоа, липосукциската исхрана е повеќе од диета“, објаснува нутриционистот Кенан Мандра, творецот на липосукцискиот протокол за слабеење.

Поимот „липосукциска исхрана“ подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина. Протоколот за слабеење вклучува и додатоци во исхраната кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.

Тајната на липосукциска исхрана е во специфичната формула на аминокиселини, кои го активираат ензимот липаза. Така, аминокиселините делуваат на засилено искористување на мастите за добивање енергија – се зголемува ослободувањето на масни киселини, се намалува искористувањето на гликозата и се зголемува синтезата на гликоген во клетките, а последица на тоа е брзото слабеење.

– Тоа е природен процес, кој ја поттикнува редукцијата на масти и задржувањето на гликоза во крвта на ниво кое помага да загубиме 10 отсто од телесната тежина во текот на еден третман. Најважно е дека не сме гладни, дека килограмите ги губиме брзо и дека режимот е сто отсто безбеден за здравјето. Аминокиселините се консумираат во форма на прашок кој треба да се раствори во вода. Тие не го заменуваат оброкот, туку ги активираат масните резерви со кои организмот се храни – значи, ги топат мастите и ги претвораат во енергија –  објаснува д-р Валентина Крстеска.

Но, како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска диета?

– Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, трипати во текот на денот. Тие се слатки по вкус, со што се дестимулираат центрите во мозокот кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае исто така 14 дена, се вклучуваат дополнителни намирници и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јагленихидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло, вели доктор Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.

Протоколот на липосукциска исхрана е сосема сигурен за здравјето. Во текот на третманот не се чувствува глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо, со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Фото-Аверел

Комерцијален текст.

 

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....