14.8 C
Скопје
14:42 - 18 декември, 2024

Ако земате лекови што можат да го ослабнат имунолошкиот систем мора да носите маска, дури и ако сте вакцинирани

ЦДЦ истакна дека луѓето кои имаат автоимуна состојба или земаат лекови што го ослабуваат имунитетот треба да разговараат со лекар пред да излезат надвор без маска.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатата недела објави извештај дека оние што се вакцинирале не мора да носат маски во повеќето ситуации, што за многумина беше добра вест. И, додека во повеќето земји, многумина ги извадија своите маски минатата недела, некои и понатаму мора да бидат особено претпазливи.

Постои една група на луѓе кои ЦДЦ ги предупреди дека и понатаму би требало да носат маски на лицето, дури и ако ги примиле двете дози од вакцините против ковид-19. Станува збор за оние кои земаат имуносупресивни лекови за автоимуните болести.

Пред само две недели, ЦДЦ објави дека оние што ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19 може да продолжат со нормалните активности без да носат маска и без држење физичка дистанца од 1,5 метар, освен ако не е поинаку побарано од државата или од други овластени лица, како што е работодавачот.

Сепак, тие исто така издадоа и предупредување дека сите луѓе кои имаат автоимуни болести и земаат лекови коишто можат да го ослабнат имунолошкиот систем треба да разговараат со лекарот пред да го отфрлат носењето на маски.

„Ако имате состојба или земате лекови коишто можат да го ослабнат имунолошкиот систем, не сте целосно заштитени дури и ако сте вакцинирани, затоа треба да бидете претпазливи и да ги преземете сите мерки за да се заштитите“, се вели во соопштението. Научниците сѐ уште се обидуваат да дознаат како вакцината ги штити луѓето коишто имаат слаб имунолошки систем, без разлика дали е тоа поради некоја болест или поради лековите што ги користат. Студиите покажаа дека луѓето кои имаат автоимуна болест и користат лекови за болеста, имаат и ослабен имунолошки систем па може да имаат и послаба реакција на вакцината.

Еден претходен преглед на постоечките студии на 29 март, покажа дека првата доза на вакцините „Фајзер“ и „Астра Зенека“ може да имаат послаб ефект на оние луѓе кои земаат одреден лек за автоимуни болести. Додека кај некои такви пациенти одговорот на имунитетот се зајакнал по втората доза на вакцината, некои никогаш не го развиле потребниот имунитет.

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, пред десетина дена им објасни на новинарите дека е јасно и дека постојат податоци кои тоа го потврдуваат, дека ако некое лице нема компетентен имунолошки систем, поради хемотерапија или трансплантација, вакцината може да не дејствува толку добро.
Валенски советува, пред да ја отстраните маската од лицето, односно пред да се одлучите да не носите маска, задолжително да се консултирате со вашиот лекар. Таа исто така истакна и дека само затоа што упатствата се променети не значи дека сè автоматски се менува. Мора да го земете предвид ризикот од заразата и тоа колку сте подготвени да не носите маска.

„Не значи дека сите треба да ги симнат маските затоа што пред десетина дена се сменија упатствата“, заклучи Валенски.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....