7.8 C
Скопје
21:56 - 31 март, 2026

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

„Луѓето кога ќе умрат исчезнуваат, но не и Драган Николиќ“, напиша некој на социјалните мрежи по повод годишнината од смртта на еден од најголемите југословенски актери и секако најголемиот шармер меѓу нив, кој почина на 11 март 2016 година.

Во продолжение издвојуваме некои од неговите најдобри и најпопуларни цитати.

„А таа, со еден поглед успева да ми го помести светот и со една насмевка да ми го поправи денот. И потоа ме прашуваат зошто ја сакам.“

„Понекогаш е потребно да се биде и љубоморен, бидејќи и тоа е еден од показателите на љубовта.“

„Вистински пријател е оној кој во животот само еднаш ќе ти нанесе болка – кога ќе умре.“

„Задоволниот човек не се занимава со туѓиот живот, туку ужива во својот.“

„Имам чуден вкус, ми се допаѓаат луѓе кои имаат душа.“

„Никого не влечам за ракав, но барам почит – истата онаа што ја имам со луѓето со кои работам.“

„Сам по себе сум епоха.“

„Во вистинскиот живот сум едноставен.“

„Не се разведувајте преку весници, не му испраќајте порака на партнерот преку весници, пронајдете ја својата интимност.“

„Никогаш не сум си дозволил да мислам дека сум најдобар или на некој начин голем. Мислам дека тоа е својство на будалите – да веруваш дека си некој друг.“

„Живеев во истото маало со Роми, не правам социјални разлики – дали некој е сиромашен или богат, црн или бел.“

„Глумата е привлекување внимание кон себе.“

„Борба. Да не се предадеш. Зошто? И за кого?“

„Прекрасно е да се види дека некому сè уште му се вцрвенуваат образите.“

„Насмевката на животот нам, актерите, ни е подарена и чест е да ја споделуваме со другите.“

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....