7.8 C
Скопје
01:06 - 31 март, 2026

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Манекенката и водителка Данијела Димитровска предизвика големо внимание поради нејзиниот стил на венчавката во црквата на 27 јануари во Белград.

Невестата блескала во бел фустан дизајниран од Викторија Бекам, над кој носеше бел мантил и марама на главата.

Според зборовите на теолог, многу жени одлучуваат да ги покријат главите како знак на почит кон светото и литургијата, но тоа не значи дека оние што не го прават тоа се помалку верни или помалку побожни.

– Во Православната црква, носењето марама за жените во текот на литургијата не е задолжително. Станува збор за древна црковна практика која е поврзана со зборовите на апостол Павле, упатени до Коринтјаните, каде што зборува за покривање на главата во текот на молитвата – објаснил Александар Ѓурѓевиќ во една пригода.

Теологот испратил и јасна порака до верниците, нагласувајќи дека верата не смее да се претвори во меѓусебно осудување.

– Носењето марама е личен духовен избор. Нека секоја жена постапува како што чувствува. Оние што носат марами не треба да ги осудуваат оние што не носат, како ниту обратно. Суштината на верата е љубовта – порачал Ѓурѓевиќ.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....