4.8 C
Скопје
22:33 - 12 март, 2026

Врвна радиологија во болница „Санте плус 3“: Точната дијагноза започнува со напредна радиологија

Опремена според највисоки стандарди, болницата „Санте плус 3“, како дел од Санте плус групацијата, меѓу многубројните услуги нуди и напредна радиологија.

Болницата „Санте плус 3“ со својот експертски тим овозможува:

– Магнетна резонанца (MRI)
– Компјутерска томографија (CT)
– Мамографија и рендген

Што е магнетна резонанца?

Тоа е најсовремен дијагностички апарат, кој дава прецизен преглед не само на коските туку и на меките ткива. Претставува точен дијагностички уред во откривањето на болестите на ‘рбетот.
Магнетната резонанца дава јасна слика за општата анатомија на ‘рбетот, а се користи за дијагностицирање генеративни болести на дискот, дискус хернија, спинална стеноза, ишијас, кифоза, сколиоза, тумори.
Цената на прегледот во болницата „Санте плус 3“ изнесува 250 евра.

Што е компјутерска томографија?

Компјутерска томографија, исто така позната како CT-скен, е безболно медицинско скенирање што лекарот го користи за да идентификува знаци на повреда или болест во телото или да утврди дали третманот функционира.
Во повеќето случаи, медицинскиот техничар го врши снимањето, додека радиолог или лекар специјалист ги толкува скенирањата.

Која е целта на компјутерската томографија?

Лекарите бараат CT-скен за да се дијагностицираат голем број состојби, какви што се:
Апендицитис (или воспаление на слепото црево), згрутчување на крвта, повреда на мозокот, фрактура на коските, емфизем, течност во белите дробови, срцеви заболувања,
повреда или фрактура, оштетување на зглобовите, проблеми со бубрезите, пневмонија, тумори (особено во абдоменот, градите, карлицата или во главата).

Што е мамографија?

Мамографијата е метода на рендгенски преглед на дојките. Се изведува на специјално дизајниран апарат за рендген наречен мамограф и се користи исклучиво за снимање на дојките и за зафати што се вршат под контрола на мамографската слика.

Поради својата едноставност, цена и корисност, мамографијата сè уште е златен стандард во откривањето рак на дојка.
За време на мамографијата, жените се изложени на многу мала доза на зрачење, но ризикот е многу помал од придобивките што може да ги даде мамографијата. Имено, мамографијата може да идентификува малигно заболување, жената добива потенцијална придобивка да открие дали веќе ја има болеста и во фаза што лесно и успешно се лекува.

Не двоумете се да се јавите во контакт центарот на тел. 070 299 010. Болницата „Санте плус 3“ има 24/7 достапни служби.

(Комерцијален текст)

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....