0.8 C
Скопје
05:30 - 14 март, 2026

Вреди 29.000 евра: Александра Пријовиќ доби луксузен роденденски подарок од Филип

Филип Живојиновиќ решил да ја изненади својата поубава половина Александра Пријовиќ со парче накит што планирала да си го купи.

Слушајќи ги нејзините желби, тој нарачал белегзија од познатиот бренд „Картие“ која пристигнала од Австрија, токму на нејзиниот роденден. Пејачката не можела да поверува кога здогледала златен „клинец“ со дијаманти кој вреди 29.000 евра, пишува „Информер“.

– Александра не сакаше да прави спектакл од роденденот, но како и изминатите години реши да го помине во кругот на најблиските пријатели, со родителите, бабите и дедовците. Таа отиде на семеен ручек кај Пријовиќ со сопругот и синот, а Филип ја изненадил таму, пред сите, со мала црвена кутија од познатиот бренд – изјавил за Информер извор близок на пејачката.

Гледајќи ја плишаната вреќичка „Картие“, почнала да вреска од среќа, не толку поради нејзината вртоглаво висока цена, туку поради фактот што Филип внимателно ја слушал и го впивала секој нејзин збор кога му кажувала дека токму оваа белегзија е на нејзината листа со желби.

-Не можеше да поверува кога здогледа златен „клинец“ со дијаманти што ѝ се врти околу раката. Таа почнала да плаче од среќа, а тој ја прегрнал и бакнувал и ѝ го честитал роденденот. Рече дека малиот Александар ѝ го купил затоа што е најдобрата мајка на светот. Овие зборови уште повеќе ја трогнале пејачката, па само накратко прокоментирала дека е најсреќната жена на светот – заклучил изворот за Информер.

Инаку, Филип Живојиновиќ и преку социјалната мрежа Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на својата избраничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cartier Official (@cartier)

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....