14.8 C
Скопје
14:56 - 18 декември, 2024

ВОЈНАТА МЕЃУ ЏОНИ ДЕП И АМБЕР ХАРД ПРОДОЛЖУВА: На судењето и тројцата мажи за кои Деп тврди дека имале афера со Амбер

Денес започна судењето во кое актерот Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Хард за клевета и бара отштета од 50 милиони долари.

Во 2018 година Амбер објави напис во „The Washington Post“ во кој сведочеше дека е жртва на насилство, но притоа не го спомна името на Џони Деп.

Сепак, поради ова Џони Деп ја изгуби долгогодишната добра репутација во Холивуд и остана без неколку важни филмски улоги.

Во исчекување на разврската на судењето, ви пренесуваме дел од првото судење меѓу Џони Деп и Амбер Хард во 2020 година, кога глумецот пред судијата го раскажа цел живот – од зависноста и забавувањето со Кејт Мос до ноќта кога умре Ривер Феникс

На првиот ден од големото судење, на кое се најде поради обвиненијата од бившата сопруга Амбер Хард, Џони Деп призна дека секојдневно, од неговата 14-та година земал разни дроги, како во 1995 година искршил се во хотелската соба пред неговата тогашна девојка Кејт Мос, но и за неговото необично пријателство со Кит Ричардс и Мерилин Менсон.

Отворајќи ја својата душа и зборувајќи за лошото минато, Деп откри детали од неговиот живот, како тоа дека како тинејџер се напил од таблетите за смирување на мајка му, по што почнал да ужива во разни опијати. За 76-годишната ѕвезда на „Ролин стоунс“, Кит Ричардс, рекол дека му е близок пријател, како и Мерилин Мансон, со кого знаел да се дрогира.

58-годишниот Џони Деп, кој на суд стигна со заштитна маска, се присетил и на демолирањето на хотелската соба во 1995 година, пред тогашната девојка Кејт Мос, кога направил штета од 10.000 долари.

А како почнало се?

Така што мајка му го замолила да оди до аптеката и да и купи таблети за смирување, а тој на своја рака одлучил да испроба една.

„Мајка ми ми рече да и земам таблети за смирување, а јас одлучив да испробам една. Кога ја испив, сфатив дека на тој начин можам да ја затапам целата болка што ја чувствувам. Отсекогаш ме привлекуваа различни култури и луѓе. На пример, мои идоли беа Џефри Чосер и Томас де Квинси, двајцата зависници од опиум.“

Откако признал дека барем двапати земал дрога со Мерилин Менсон, судијката го прашала Деп за ноќта кога во неговиот клуб „Вајпер рум“ почина Ривер Феникс од предозирање.

„Тој почина на плочникот пред мојот клуб. Колку што знам, Ривер почна да се чувствува лошо, почна да се поти и тргна кон излезот, а кога излезе, едноставно падна“.

На коментарот на судијката дека се опкружил со луѓе кои не знаат да му кажат не и кои ако посака ќе му набават секаква дрога, глумецот одговорил:

„Не. Постојат луѓе кои работат за мене и оние кои работат со мене“.

Деп откри и зошто искршил се во хотелската соба Њујорк во 1995 година.

„Бев лут, но тоа не значи дека имам проблеми со бесот. Едноставно го исфрлав бесот од себе. Тоа е мој начин на изразување. Некогаш се изразувам така што се смеам, што не значи дека имам проблем со духовитоста“, додал Деп.

Обинителот инсистирал дека на сето тоа претходела кавга со Кејт Мос.

„Тоа беше претпоставка на медиумите зашто така ја подигнаа продажбата, но на крај, подобро што го нападнав каучот, отколку човечко суштество, нели?“, одговори глумецот.

Освен дрогата, уште еднаш се потврди дека Деп ужива во црното вино до таа мера што месечно троши и по 30.000 долари, иако глумецот вели дека целото тоа вино не го пиел сам.

По прекинувањето на врската со Ванеса Паради, со која има две деца, се обидел да го остави алкохолот.

Потоа Деп под заклетва рекол дека никогаш не ја удрил бившата жена Амбер Хард и дека така е воспитан, како кавалер.

„Тоа е дел од мојот морален код, што никогаш не би можел да удрам жена и тоа во никакви околности и никогаш не би го направил тоа“, рекол Деп, кој тврди дека всушност таа него физички го злоставувала.

Продолжува драмата на ЏОНИ ДЕП и АМБЕР ХЕРД: Закажано е ново судење, Илон Маск и Џејмс Франко на списокот на сведоци

 

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....