0.8 C
Скопје
04:07 - 13 март, 2026

„Во голем минус сум“: Ивана Селаков откри со што се соочува последните два месеца

Пејачката Ивана Селаков со месеци наназад го подготвува својот прв солистички концерт, а најголема поддршка и ветер во грб ѝ е сопругот Пеѓа Мирковиќ. Претходниот период за неа бил навистина стресен – имало и недоразбирања со сопругот, бидејќи се труди да биде на висина на задачата на сите полиња.

– Се потрудивме да понудиме добар музички квалитет, задоволство, уживање за секого. Акцентот е на извонредната свирка, добрите гости и квалитетната музичка програма. Очекувам вечер и за џускање, и за солзи, и за емоции – изјави таа, а на прашањето дали имало солзи за време на подготовките, Ивана рече:

– Имаше стрес и сè уште го има. Кога влеговме во ова, влеговме како семејство, нема никаква продукција зад нас. Јас и мојот сопруг заменивме триесет луѓе, и тоа е многу стресно, затоа што покрај сето тоа сме и родители, живееме најнормален живот – од сабајле го спремаме детето за училиште, појадок, ручек, а паралелно со тоа снимив многу емисии, проби – тоа е многу тешко за две лица. На крајот, кога ќе помине концертот и ќе го погледнеме снимениот материјал, ќе си кажеме „Браво“. Да, стресно е, но ќе биде послатко.

Пејачката не крие дека со сопругот имала недоразбирања за време на подготовките на првиот солистички концерт.

– Па нормално е да има недоразбирања. Колку е поголема одговорноста, толку се поголеми и обврските, а се случуваат и ситни проблеми врз кои не можеме да влијаеме, што само го зголемува стресот. Треба да истуркаме уште малку, но не е лесно – рече Ивана, додавајќи дека таа прва попушта:

– Таков ми е хороскопскиот знак, помирна сум, полесно поднесувам некои работи. Добро е што сме спротивни и имаме различни мислења.

Ивана ѝ подготви на својата публика, како што вели, вечер полна со емоции, но и со изненадувања.

– Ако ги ставевме сите песни што сакавме, концертот ќе траеше пет часа, што е невозможно, па се обидовме да го ограничиме репертоарот на разумно време. Имаме одлични гости, врвни пејачи – Мирза Селимовиќ веќе го спомнав, имаме дует што сите го сакаат. Ќе има и гости изненадување, се радувам на нивното присуство, затоа што и јас ќе уживам да ги слушам. Ќе има и блок песни што јас приватно ги сакам.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....