8.8 C
Скопје
10:01 - 31 март, 2026

„Во 2025 година сакам повторно да станам мајка…“: Тања Савиќ ги откри плановите со 11 години помладиот дечко

За српската пејачка Тања Савиќ, 2024 година беше една од најдобрите во нејзиниот живот и кариера досега. Пејачката во интервју за новогодишното издание на „Курир“ меѓу другото откри кои се плановите на љубовен план и дека сака повторно да го каже судбоносното „да“ во 2025 година.

Голем концерт во Белград, идилична врска со Мухамед Муки Бешиќ, кого нејзините синови Максим и Ѓорѓе го обожаваат, се само дел од причините поради кои таа со стил ја гледа годината што заминува.

„Оваа година ми беше убава, исто како и две-три претходни. Од кога моите деца дојдоа од Австралија, секоја година ми е убава. Минатата година беше навистина убава за мене бидејќи ја претставува круната на мојата кариера. Заедно со мојата публика, на голем концерт прославив 20 години кариера во Белград, среќен сум затоа што знам колку ме сака народот и публиката“, рекла Тања.

Потоа се осврнала на впечатоците од нејзиниот голем концерт.

„Моите впечатоци се средија. Оваа работа ја работам 20 години и никогаш досега медиумите не пишувале за мене толку многу како сега околу овој солистички концерт. Знаев дека ќе биде добро, само го чекав мојот момент“, изјавила таа.

Тања одговори и на прашањето дали ќе се омажи за партнерот Муки, како што му вети доколку помине добро концертот во Арена.

„Да, го кажав тоа. Секогаш имам некои планови, а Господ веројатно се смее. Немам поим. Би сакала уште еднаш да с е исполнам во улогата на мајка. Тоа е она што најмногу го сакам. Го сакам мојот маж и тоа би била круната на нашата љубов. Секоја година со бројот пет ми носеше среќа, па така ќе биде и во 2025 година“, заклучила Тања.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....