6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

(Видео) Зеленски го награди Патрон како воен херој: Џек Расел териерот со нос за мини е ѕвезда во Украина

За време на драматичните денови на војната во Украина, Патрон стана познат по помагањето на пронаоѓање и деактивирање на стотици експлозивни направи.

Патрон не е специјалист за оружје, за волја на вистината. Патрон не е ни име на личност: тоа е всушност куче со неоспорен (и незаменлив, во војна) нос за бомби.

Кој е Патрон?

Тој е од расата Џек Расел Териер, според владата на Киев Патрон има незаменлива улога во откривањето на стотици експлозиви. Работело во областа Чернихив и благодарение на својот талент станал народен херој, дотолку што заслужил и награда.

Наградата му ја врачи претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој вчера се сретна со премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Наградувањето на Трудо беше проследено со цела церемонија на која присуствуваа и украински војници од ддредите за бомби.

Патрон како што се гледа од видеото,  цело време мавташе со опашката, лаеше и ги насмеа присутните на церемонијата. И Трудо се обиде да му се заблагодари на малото куче на свој начин, со награда веројатно подобредојдена отколку медал, па претураше по џебовите за да најде нешто што се јаде, но за жал за Патрон, не најде ништо корисно за оваа пригода.

Инаку, Патрон веќе е прочуен херој во Украина. За само еден ден, според локалните власти, 2-годишниот Џек Расел Териер му помогнал на специјалниот тим да пронајдат 262 експлозивни направи оставени на земјата од руските војници.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....