15.8 C
Скопје
04:47 - 20 септември, 2024

ВИДЕО | Успеа во својата мисија! Никола Роквиќ ја објави радосната вест: „Апаратот за онкологија пристигна во Србија! И тоа не е сѐ…

Српскиот пејач Никола Роквиќ по едномесечната мисија, одењето пешки околу 1.060 километри од Белград до манастирот Свети Нектариј Егински собра повеќе од 40 милиони динари, кои ги намени за помош на болните деца.

Никола конечно успеа во својата мисија! Како што планираше, во Србија пристигна апаратот кој ќе помогне во дијагностицирањето на рак на мозокот. Едниот ќе оди во Ниш, а другиот наскоро ќе пристигне во Белград.

Пејачот ја сподели среќната вест со своите следбеници преку Инстаграм.

– Драги луѓе, само сакам да ве информирам дека апаратот за детската онкологија во Ниш пристигна во Србија. Следната недела ќе го доставиме до Клиничкиот центар во Ниш. Апаратот за Белград се уште е во процесот на увоз, многу брзо и тој ќе пристигне – соопштил Никола и открил дека наскоро ќе започне реновирањето на детскиот дел на детската онкологија во Белград, што беше уште една негова цел.

– И целиот проект за реновирање на делот на детската онкологија во Белград е завршен и работите ќе почнат многу брзо. Прекрасни вести, па одиме понатаму – низ насмевка рекол Никола, но добрите вести не завршуваат тука.

Бидејќи што останале вишок пари, тој откри што ќе направи со нив.

– Бидејќи собравме дополнителни средства, ќе ве информираме на која установа ќе ѝ ја обезбедиме потребната апаратура. Да се ​​радуваме! – објавил пејачот.

 

Слични објави

„Имаше гласини дека сум маж“: Лејди Гага раскажа како била малтретирана на почетокот на кариерата

еспресо

Ќерката на Брус Вилис проговори за неговата состојба: „Има толку многу љубов…“

еспресо

Со години се молчело за ова: Лепа Брена чува голема тајна која ја вивна во ѕвездите

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави интимни фотографии со Драган: Не можат да се наситат еден на друг

Еспресо

(Фото) Каква жена мачка: Гога Секулиќ се опорави од сообраќајната несреќа и блесна како никогаш досега

Еспресо

Балканската мегаѕвезда и естрадна модна икона Јелена Карлеуша на спектакуларен концерт во Скопје

еспресо
Се вчитува....