2.8 C
Скопје
04:40 - 16 март, 2026

(Видео) Стриминг-платформа ја избриша Fat Bottomed Girls од новата збирка најголеми хитови на „Квин“

Fat Bottomed Girls, хитот на легендарниот бенд „Квинс“ од 1978 година, е најновата жртва на културата на откажување или ‘кенсел’-култура.

Песната ја опејува љубовта кон пополните девојки, но некои сметаат дека не е коректна. Затоа е отстранета од новата компилација од најголемите хитови на бендот, наменета за помладата публика на стриминг-платформата „Јото“.

„Дебели девојки, светот се врти поради вас“, гласи стих од песната, кој за многумина се чини дека е спорен.

Целта на објавувањето на компилацијата на платформата е да се запознаат најмладите со музиката на „Квин“, а некои ја критикуваат одлуката песната да се извади од листата хитови бидејќи наводно е премногу чувствителна или апсурдна.

„Ова е сосема нова ситуација во светот на музиката, никој не може да разбере зошто толку добронамерна и забавна песна не може да биде прифатлива во денешното општество. Зошто да не ги цениме луѓето во сите форми и големини како што општеството вели дека треба. Тоа е срамота“, изјави музички професионалец за британски „Дејли мејл“.

„Да се игнорира таа песна е апсурдно. И, патем, ефектот на бумеранг ќе резултира со повеќе луѓе да ја преземат таа песна отколку што би имале 40 години порано“, напиша колумнистот на „Фокс њуз“, Џое Конча.

Песната е еден од најголемите хитови на култниот рок-бенд, заедно со We Will Rock You, We Are the Champions и Bohemian Rhapsody, а се појави и на албумот Greatest Hits од 1981 година.

Сепак, ја нема на изданието на „Јото“. Некои други песни доаѓаат со предупредување дека дел од музиката на бендот содржи теми за возрасни вклучувајќи повремени референци на насилство и дрога.

Слични објави

Никол Кидман има необичен ритуал пред Оскарите: Тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во неделите

Еспресо

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Еспресо

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо
Се вчитува....