-0.2 C
Скопје
03:33 - 11 март, 2026

(Видео) Сопругот на Анѓелка Прпиќ излета на сцената и сочно ја бакна, а изразот на нејзиното лице е бесценет!

Српската актерка Анѓелка Прпиќ синоќа ѝ се поклони на новосадската публика по премиерната изведба на претставата „Šta me opet snađe“, а потоа следувало изненадување за сите присутни, па и за самата актерка.

Имено, нејзиниот сопруг Марко Жугиќ излегол на сцената со букет цвеќе и сочно ја бакнал својата избраничка во уста, не грижејќи се за погледите на бројната публика во салата, која гестот на Марк го поздрави со громогласен аплауз.

Анѓелка од сопругот добила букет цвеќе, а не го криела воодушевувањето од неговиот потег. Таа не ја тргнала насмевката од лицето, а Марко набрзо се вратил на своето место во публиката.

Инаку, Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешна Прпиќ) беше во брак со Дарио Прпиќ, со кој го има синот Јакша, а по разводот актерката повторно се омажи и тоа за добриот пријател и кум на нејзиниот сопруг. Со Марко минатата година ја доби и ќерката Чарна, на која ѝ го даде името по улогата во серијата „Жените од Дедиње“, која ја прослави.

Анѓелка сега го носи презимето на Марко. Тие се венчаа на 8 септември 2023 година, а интимната церемонија беше организирана во најголема тајност, што беше изречна желба на младенците, за сè да помине од очите на јавноста и медиумите.

На свадбата и ручекот биле само неколку познати личности, меѓу нив водителката Марија Килибарда, актерката Ања Мандиќ, како и водителот Славко Белеслин.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....