7.8 C
Скопје
10:37 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Скрат од „Ледено доба“ конечно го фати и го изеде желадот, видеото е прегледано два милиони пати

Сите што гледале барем едно од продолженијата на култната анимирана серија „Ледено доба“ добро го познаваат ликот на верверицата Скрат, која мака мачи каде да го скрие својот желад за подоцна да може да го јаде на мир. Тоа не му одеше од од рака уште од 2002 година, кога беше објавен првиот филм, но тимот од студиото Блу Скај, креаторите на „Леденото доба“, реши да му помогне конечно да успее во неговата намера.

На видеото што беше неодамна објавено на Jутјуб со наслов „Крај“, се гледа како Скрат го јаде желадот. Во соопштението се вели: „Во последните денови на студиото Блу Скај се собра мал тим од уметници за да го направи ова видео. Ова е нашето збогување, поздрав според наши услови.“

Видеото е прегледано речиси два милиони пати.

Имено, пред околу една година студиото објави дека ќе престане со работа поради лошото работење предизвикано од пандемијата на корона вирусот. „Дизни“ го купи уште во 2019 година, а студиото се затвори на почетокот на овој месец.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....