06:49 - 10 јануари, 2026

(Видео) Северина како мало дете ужива на плажа: Ниту оган, ниту вода не ѝ можат ништо

Регионалната ѕвезда Северина објави ново видео на својот инстаграм-профил во кое прескокнува преку оган и подоцна скока во морето.

На видеото се слуша како толпата ја бодри пејачката. Прво го прескокна огнот, а потоа се качи на чамец и облечена со кратка маица и шорцеви скокна во морето.

„И низ оган и во вода…“, напишала покрај видеото.

Објавата собра над 10.000 лајкови и голем број позитивни коментари. Но, ова е само мал одмор за неа, бидејќи пејачката ја чекаат многу ангажмани.

„Најубаво е кога човек ќе остави парче дете внатре“; „Вечно младa затоа што го чува детето внатре“, се само дел од коментарите на верните следбеници на пејачката.

Инаку, Северина ќе се појави и во втората сезона на музичкото шоу „Суперѕвезда“ на РТЛ, а ќе и соработува со светски познатиот дизајнер Јурај Зигман на модна ревија што се одржува во Риека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....