5.8 C
Скопје
05:46 - 1 април, 2026

(Видео) Сергеј Ќетковиќ се развесели среде Скадарлија: Пeјачот запеа и заигра со улични музичари, па ги почести со бакшиш

Пејачот Сергеј Ќетковиќ е познат не само по своите големи хитови кои ја одбележаа неговата кариера што трае повеќе од две децении, туку и по неговата природност, опуштеност и многу смирен дух.

Нема човек кој ќе го негира фактот дека луѓето се чувствуваат удобно во негово друштво, бидејќи секој што го сретнал барем еднаш се согласува дека е многу пријатен и љубезен, а колку е директен и сосема обичен и покрај славата што не го променила, се гледа и во видеото што неодамна се појави на неговиот инстаграм-профил.

Имено, Сергеј уште еднаш покажа дека е подготвен да пее во секој момент и да ја развесели околината, а тоа го направи пред една кафеана на Скадарлија откако се сретна со улични музичари.

Откако излезе од една кафеана, веројатно од некаква прослава, Сергеј беше изненаден бидејќи пред него го чекаше музичка екипа, која веднаш го отсвири и отпеа неговиот познат хит „Нису ми дали да те волим“.

– Кога по прекрасна вечер во 02:00 часот ќе ве пречека и ќе ве изненади тимот на Скадарлија со „Нису ми дали да те волим“! – напиша пејачот во описот на видеото што го сподели.

Во видеото, кое е прегледано повеќе од два милиони пати за само 14 часа, можете да видите пријатно изненаден пејач кој застанува до свирачите и почнува да го пее својот хит со нив откако ќе слушне дел од песната интерпретирана од гитарист со одличен вокал. Покрај него, имаше и хармоникаш и момче кое сè снимаше со камера.

Воодушевениот пејач постојано пееше со нив од срце, трогнат од овој нивен гест. Откако ја отпеа песната, го почести хармоникашот со бакшиш.

Овој негов потег беше дочекан со одлични реакции на мрежата, а меѓу првите што проговорија беа некои јавни личности како што се Дадо Полумента, Милица Тодоровиќ, Амира Медуњанин, Јелена Гавриловиќ и Никола Роквиќ кои коментираа на неговото видео и оставија емотикон во форма на срце.

– Навистина си човек – коментираше Дадо Полумента.

Оваа необична ситуација насмеа многу луѓе и ги трогна следбениците на Сергеј кои се согласија дека нема ништо поубаво од непосредноста и топлината што една јавна личност може да ја покаже кон оние кои го сакаат и ценат неговиот лик и дело.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....