6.8 C
Скопје
09:07 - 1 април, 2026

(Видео) Прикажан трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски: Семејството на пејачот не се појави на проекцијата

Заврши снимањето на филмот „Недеља“ за српскиот пејач Џеј Рамадановски, а денеска се одржа и проекцијата на првиот трејлер.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, во соработка со Телеком Србија и Филмскиот центар на Србија. Ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигна.

Улогата на Џеј ја толкува Хусеин Хуса Алијевиќ, Марина Туцаковиќ ја глуми актерката Милица Јаневски, а покрај нив приказната за неговиот живот ја отсликуваат и Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Милица Јаневски. Ољачиќ, Бајрам Северџан, Нела Михајловиќ.

Инаку, проекцијата се одржа во Дорчол, во омиленото кафуле на Џеј, а меѓу првите гости беа актерката Мина Софтиќ и музичарот Зоран Јагодиќ Руле.

Како што пренесуваат српските медиуми, членовите на семејството не се појавија, а актерот Хуса, кој го глуми Џеј, не ни знаел за овој настан.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....