-4.2 C
Скопје
06:49 - 19 февруари, 2026

(Видео) „Пред да умре сакаше да ги крстиме децата“: Дијана Ѓоковиќ си ја отвори душата и откри поради кого Новак е посветен на верата

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер на светот, раскажа како е крстен Новак, кој и самиот повеќепати нагласувал дека е посветен на верата.

Дијана зборувала за ова во авторската емисија на Марина Рајевиќ Савиќ „Додека ангелите спијат“ на „Спутник“.

Родителите на Дијана се по потекло од Винковци, но бидејќи нејзиниот татко бил воено лице, таа пораснала на повеќе места, најмногу во Белград и Ниш, поради прераспоредувањата.

Самата Дијана истакнува дека не пораснала во религиозно семејство и затоа не можела да им ја пренесе верата на децата.

– Моите родители се католици, но некако партијата и комунизмот ги воспитаа. Тие се изјаснуваа како Југословени. Мене не ме учеа од мали нозе, ниту имав што било од тоа да верувам во Бог, ниту пак, славевме Велигден или Божиќ. Тоа не можев да им го пренесам на моите деца, бидејќи јас тоа го немав, ќе бидам искрена – ја започнала својата исповед Дијана за „Спутник“.

Таа открила дека Новак Ѓоковиќ заедно со неговиот брат Марко е крстен во мај 1992 година, и тоа на барање на Станка, нивната баба, а мајка на Срѓан Ѓоковиќ.

– И во семејството на Срѓан не биле крстени, бидејќи не можеле или не смееле да се крстат. Покојната мајка на Срѓан, Станка, кон крајот на животот беше тешко болна од рак на коските и се очекуваше да умре. Таа многу сакаше да ги крсти децата пред смртта. Така, во мај 1992 година, кога Новак имаше пет, а Марко немаше ниту една година, конечно решивме да се крстиме – открила таа, пренесува српски „Курир“.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....