3.8 C
Скопје
00:15 - 21 декември, 2024

(Видео) Откриена е врската на Џони Деп и Хеди Лимар; „Се чувствувам како 18-годишник“

Откако објави пост на Инстаграм дека нешто големо доаѓа постирајќи фотографија од Хеди Лимар, на 9 јуни 2022 година кога го славеше и својот роденден, Џони Деп конечно откри за што сатанува збор.

Фановите останаа со подизнати усти и обвиткани во прашалници кога популарниот Пират од Карибите сподели на својот инстаграм профил фотографија од холивудската ѕвезда Хеди Лимар, без да објасни за што станува збор.

А сега конечно се откри.  Станува збор за новата песна што ја компонираше заедно со гитаристот Џеф Бек, песна посветена на една од жените со најинтересни приказни досега: Хеди Ламар, холивудска ѕвезда која извесно време важеше за најубава жена на светот, а во исто време и интелигентна научничка која, покрај другите достигнувања, била ко-изумителка и на радио комуникациски систем кој години подоцна служел како основа за пронајдокот Wi-Fi.

Од моментот на објавување на песната, фановите се фрлија во анализа на текстот на песната, обидувајќи се да го разберат нејзиното скриено значење и, пред се, можната корелација со неодамнешните настани во животот на Џони Деп.

За подобро да го разбереме значењето зад стиховите, треба да дознаеме повеќе за животот на Хеди Ламар.

Славата на Хеди Ламар првично се појавува како актерка, особено во филмовите кои го истакнаа нејзиниот сексапил. Таа со години е позната по улогата во Exstase, филм кој предизвика скандал поради „голите“ сцени (зборуваме за 1934 година), а потоа со години продолжи да игра контроверзни улоги во различни филмови. Неверојатно убава Лимар била и вистинска умница. Таа немала формално образование и практично била самоука, но дошла до неверојатни изуми. На пример, му дала предлог на Хауард Хјуз за неговите авиони, како да обезбеди подобрувања за тогашните семафори. И пред сè, таа придонесе во битката против нацизмот со патентирање, заедно со Џорџ Антеил, радиосистем со променлива фреквенција. Овој патент никогаш не бил имплементиран за време на Втората светска војна, зашто се сметал за прескап. Но, според многумина вистинската причина била во тоа што никој не верувал на изум измислен од секси холивудска дива: убава девојка не може да биде и добар научник, се сметало. Меѓутоа, во модерното време, идејата патентирана од Хеди Ламар станала основа за пронајдокот на технологијата wi-fi што сите ја користиме денес.

Знаејќи ја приказната за Хеди Ламар, значењето на песната напишана од Џони Деп и Џеф Бек станува појасно: Хеди Ламар беше гениј, завиткана во маската на филмска ѕвезда. Нејзината убавина стана кафез што го спречи светот сериозно да ја сфати нејзината интелигенција. Тоа е тажна вистина, и затоа Џони Деп вели „Веќе не верувам во луѓе“, „Веќе не верувам во луѓе“.

This is a song for Ms. Hedy Lamarr
Erased by the world that made her a star
Strung on beauty, trapped by its web
She’s a perfect cocoon twined in gold thread.

Инаку, денес се прошири веста и дека во јули излегува албумот на актерот, исто така талентиран музичар, и легендарниот британски гитарист Џеф Бек, кој го нарекле 18

„Го нарековме 18 затоа што свирењето прави да се чувствуваме повторно како да имаме 18 години“, велат тие. Нивната летна турнеја вклучува повеќе европски градови.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....