7.8 C
Скопје
21:36 - 31 март, 2026

(Видео) Огромен кратер се појави во Турција: Геолозите не можат да најдат врска со земјотресот

Во Турција во округот Решадије ненадејно се појави кратер од 1.400 квадратни метри со пречник од 37 метри, за кој турските геолози не можат да најдат врска со неодамнешниот катастрофален земјотрес.

Директорот на Центарот за истражување на природните појави во Обрук, професорот Фетулах Арик, изјави дека на местото каде што е создаден кратерот имало геолози.

„Земјотресот од 6-ти февруари, или последователните земјотреси, немаат никаква врска со дупката, која се чини дека се формирала претходните денови. Не успеавме да утврдиме зошто. Можеби тлото се подготвуваше да се сруши уште порано, но ако беше навистина поврзана со земјотресот, тогаш дупката немаше да се отвори 20-ина дена подоцна“, рече Арик, пренесе порталот „Јеникоња“.

Тој рече дека земјотресите или последователните потреси не влијаат на формирањето на копно, освен за време на самиот земјотрес.

„Има места во светот каде што се формирале слични кратери, но не успеавме да воспоставиме никаква врска со земјотресот“, додаде тој.

И Мехмет Џапар, кој живее на висорамнината Хаџи Сеит, изјави дека такви кратери се формирале во околината и претходно и истакна дека сега се формирала голема дупка во нивата на неговиот сосед.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....