08:31 - 14 ноември, 2026

(Видео) Николина Пишек повеќе не е бринета: Хрватската водителка драстично ја промени фризурата

Николина Пишек во својата нова објава на социјалните мрежи се пофали дека го сменила имиџот. Имено, хрватската водителка ги извести своите следбеници дека одлучила драстично да ја промени фризурата.

Освен што ја скратила должината, водителката ја променила и бојата на косата. Таа се обои црвено и сподели видео кое го нарече „Денот кога станав црвенокоса“.

– И, да, ја скратив должината. Доволно за моите стандарди, но повторно за да можам да кажам дека имам „долга“ коса. И сега имам доволно лесна подлога за да си играм со додатоците. Едвај ја чекам следната идеја. Всушност, веќе имам некои – напиша таа и на крајот додаде: Ја знаеш работата – кога не можеш да си го промениш животот – смени ја косата!

Многу обожаватели беа воодушевени од нејзиниот нов изглед.

„Совршено ти одговара“, „Премногу си згодна“, „Автентична како и секогаш“, „Ти си вистинска дама“, напишаа некои во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....