5.8 C
Скопје
06:17 - 1 април, 2026

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Со 138 714 гласови, ласкавата титула му припадна на талентираниот Македонец кој беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.

Победата со многу емоции и солзи во очите тој ја прослави на сцената со песната „Бисер балкански“ и со македонското знаме.

Победничката статуа му ја додели Сузана Јовановиќ, сопругата на покојниот Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвездите на Гранд“.

Покрај признанието и статуата, Никола беше награден и со автомобил „фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во неговата понатамошна кариера.

– Им благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка – рече победникот на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, Никола скоро во целиот тек на натреварувањето пееше македонски песни, а еден од најтрогателните моменти од финалето беше кога тој ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од групата „ДНК“ и го посвети својот настап на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....