6.8 C
Скопје
08:44 - 1 април, 2026

(Видео) Никола Роквиќ наиде на потешкотии по 23 дена пешачење кон Грција: „Пулсот ми е 95, малку ми се приспа“

Српскиот пејач Никола Роквиќ пред 23 дена пеш тргна од Белград кон манастирот Свети Нектариј Егински во Грција за хуманитарни цели.

Пејачот секојдневно споделува за своето искуство на Инстаграм, а сега на своите следбеници им откри на какви потешкотии наишол.

– Еве се упатувам кон Лариса, малку ми се приспа. Сега сум на 28 километар, пулсот ми е 95. Нозете ми се малку потешки денеска, но продолжуваме понатаму. Живејте луѓе, радувајте се – рече Роквиќ.

Никола ја искористи приликата и јавно да им се заблагодари на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ кои донираа пари за децата кои се болни од онкологија и на тој начин ја поддржаа мисијата на Роквиќ.

– Боже на помош драги луѓе, се надевам дека сте добро. Морам јавно да им се заблагодарам на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ што ја поддржаа нашата мисија и уплатија донација, овојпат за детската радост. Ви благодарам драги мои, Господ да ве благослови и да ви се оддолжи повеќекратно – изјави пејачот.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....