03:49 - 3 април, 2026

(Видео) Наташа Беквалац го прекина настапот и откри зошто не ја сакаат сопствениците на клубовите

Српската пејачка Наташа Беквалац на еден свој настап откри дека сопствениците на клубовите не се воодушевени кога таа настапува бидејќи, како што вели, на нејзините концерти најчесто присуствуваат жени кои не пијат алкохол колку мажите.

Имено, пејачката го прекина настапот во еден клуб и им се обрати на присутните жени, а видеото од нејзиното обраќање што се прошири на социјалните мрежи.

„Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат со очи кога треба да гостувам, не им се допаѓа, велат дека само жени доаѓаат на моите настапи, чест на исклучоците, а за жените велат дека не трошат. Нема голем пазар кога ќе дојдам, а на моите драги жени би им рекла да работат, да бидат вредни, да си ги платат пијачките и сметките, па моите настапи секогаш да бидат полни со жени, кои имаат свои пари, бидејќи јас секогаш ќе пеја, песни само за жени“, рекла Наташа, по што добила огромен аплауз.

Инаку, Наташа со години ја воодушевува својата публика со песни како „Никотин“, „Поново“, „Ја сам добро“ и многу други. Медиумите особено ја следеа во 2018 година, кога јавноста дозна дека претрпела физичко насилство од тогашниот сопруг Лука Лазукиќ. По тешкиот период и опоравување, таа сега живее среќно со ќерките Хана и Катја.

@estrada.mussic 👏🏽👏🏽👏🏽 #natasabekvalac #budva #ponovo #montenegro🇲🇪 #srbija🇷🇸 #beograd #fypシ゚viral #goviral #bulgaria🇧🇬 #fyp ♬ original sound – estrada.musiic

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....