06:03 - 12 април, 2026

(Видео) Нада Топчагиќ ја прашале за коментар за прославата со нејзина песна во Турција: Побарала 1000 евра за изјавата

Синоќа, 31 март, „гореа“ улиците на Истанбул. Голем број луѓе го прославија поразот на владејачката „Партија на правдата и развојот“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но она што е интересно е што низ градот „грмеше“ песната на српската фолк пејачка Нада Топчагиќ.

Се славело во една истанбулска населба, кога во еден момент од разгласот се слушнала песната на Нада „Утро е“. Сите пееле и играле заедно.

По овој повод, новинари од српски „Телеграф“ ја повикале Нада Топчагиќ, за да прокоментира дали ги испратила видеата на кои луѓето се радуваат со нејзината песна. Нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ ги контактирал и го кажал следново:

– Има една работа. Надоместокот за секој коментар е 1000 евра. Парите се испраќаат на нашата сметка, кои потоа ги префрламе во фондот на Новак Ѓоковиќ. Нема повеќе да даваме интервјуа на никого затоа што измислувате работи. Секое наредно интервју на Нада чини 100.000 динари. Тие пари му се префрлаат на Новак Ѓоковиќ, за децата со кои работи. Само под тој услов отсега ќе разговара со медиумите – изјавил Златко за „Телеграф.рс“.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....