2.8 C
Скопје
02:59 - 17 март, 2026

(Видео) Кожни панталони, гол стомак: Дара Бубамара ја „запали“ сцената со провокативниот изглед

Во Нови Сад се одржаа концертите на Александра Пријовиќ, а нејзината колешка Дара Бубамара беше нејзина гостинка. По тој повод фолк-пејачката на публиката ѝ ја покажа својата завидна фигура, пишуваат српските медиуми.

Имено, Дара на сцената се појави во кожени панталони и маица која го истакнаа нејзиниот стомак и половината, а сите се согласија дека пејачката изгледа одлично.

Таа по настапот се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм и истакна дека е полна со впечатоци бидејќи сцената ја споделила со популарната Пријовиќ.

– Драги мои, сè уште сум под впечаток на концертот на мојата Александра Пријовиќ на кој гостував! Ме воодушеви и ме потсети колку многу ме сакаат луѓето во мојот град! Нови Сад, засекогаш! Ви благодарам на сите за ваквиот емотивен и енергичен пречек – напиша Дара.

Да потсетиме, Алекснадра Пријовиќ со емотивни зборови ѝ се обрати на колешката кога и се придружи на сцената.

– Најголем аплауз за Дара! Даро, сакам да ти кажам дека те сакам и ти благодарам што си овде вечерва! Денес, кога бевме на проба, ви кажав дека секогаш ми е најголема чест кога доаѓаат оние чии песни пораснав слушајќи. Пораснав слушајќи ги твоите песни, а денес имам можност да ја отпееме оваа песна заедно, во вашиот град – рече Александра пред преполната сала.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....