19.8 C
Скопје
14:11 - 12 март, 2026

(Видео) Кончита Вурст „полуде“ по Принцот од Врање: Се држеле за раце, не можела да го тргне погледот од згодниот Србин

Овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија официјално се отвори синоќа во Базел, Швајцарија, со што официјално започна неделата на музички спектакл. По тиркизниот тепих прошетаа учесници од 37 земји од целиот свет, а меѓу нив се издвои претставникот на Србија – Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот од Врање, пишува српски „Мондо“.

По свеченото дефиле, Принцот од Врање имаше можност да разговара со Кончита Вурст, победничката на Евровизија во 2014 година. Нивната средба била срдечна и полна со емоции – се држеле за раце и разменувале насмевки, додека Кончита отворено ги покажала своите симпатии и воодушевување кон српскиот натпреварувач.

– Сè држиш во раце и тоа изгледа фантастично – рекла Кончита, а Принцот од Врање ѝ се заблагодарил и ја прашал како е:

– Јас сум фантастично. Ја сакам Евровизија, уживам тука, запознавам луѓе. Ја користам оваа привилегија за да можам да се запознаам со кого сакам.

 


Потоа Принцот од Врање ѝ изразил на Кончита колку е благодарен за нејзините убави совети.

– Ова многу ми значи. Неверојатна си и ти благодарам за сè што правиш. Навистина си најдобра и многу ми е мило што те гледам во живо. Може ли да те прегрнам? – прашал Принцот од Врање, а Кончита секако се согласила:

– Многу се радувам на твојот настап – му рекла таа на крајот.

Да потсетиме, Принцот од Врање прошета по тиркизниот тепих со своите танчари, а она што беше коментирано беше неговата коса, која е негов заштитен знак.

Претставникот на Србија ќе настапи во второто полуфинале, закажано за 15 мај, и токму под тој број ќе се појави на сцената.

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....