11.8 C
Скопје
19:28 - 13 март, 2026

(Видео) Кој би рекол дека Азис има одлични кулинарски вештини: „Отсечете ги краевите на пиперката …“

Кој би рекол дека бугарската ѕвезда Азис е одличен готвач? На својот профил на Инстаграм, тој сподели вкусен летен рецепт – совршен за ручек покрај базен.

Лесен, едноставен и што е најважно – брзо се подготвува. Рецептот е идеален за топлите денови, а многу од неговите следбеници веќе го пробале и велат дека е навистина превкусен.

Во продолжение, погледнете како изгледа сето тоа подготвено од вештите раце на Азис:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)

Потребни состојки за месото:

1 кг мелено месо

2 раце ориз

1 главица кромид

Неколку млади кромитчиња

1 црвена чили пиперка

Црн пипер

Сол

Половина конзерва домати

За сосот:

3 жолчки од јајца

150 мл свежо млеко

3 лажици брашно

1 лажица растопен путер

Начин на подготовка:

Отстранете ги краевите на пиперките и избоцкајте ги со виљушка на неколку места.

Наполнете ги со смесата од месо, ориз, кромид, чили, зачините и половина од доматите.

Ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода, доволно да ги покрие.

Додадете ја останатата половина од доматите.

Оставете да се крчкаат 30–40 минути.

Исклучете го огнот и земете една чаша од сосот, па оставете да се олади.

Во одвоен сад, измешајте го брашното со оладениот сос додека не стане мазна паста.

Изматете ги жолчките со млекото и додадете ги во смесата.

Вратете го сосот во тенџерето и оставете да зоврие уште 1 минута.

Слични објави

„Ставете му микрофон со него“: Дарко Лазиќ со скршено срце го испрати братот Драган на вечниот починок

Еспресо

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо
Се вчитува....