17.8 C
Скопје
15:56 - 14 март, 2026

(Видео) Јована Јеремиќ задоцнила на митингот на Доналд Трамп во Вирџинија: Водителката откри што се случило

Српската водителка Јована Јеремиќ пред неколку дена отпатува во Америка, од каде во наредните денови ќе известува за претседателските избори. Таа известува за последните случувања поврзани со изборите во САД.

Јована синоќа присуствувала на завршниот митинг на Доналд Трамп во Вирџинија, а во вклучувањето на утринската програма открила дека возот ѝ доцнел, па не стасала навреме, но на крајот успеала да влезе на митингот и да го сними Трамп од одблиску.

– Веќе доцневме, бидејќи возот од Вашингтон доцнеше. Значи, возовите доцнат и овде во Америка – рекла Јована Јеремиќ во јавувањето на телевизија Пинк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NOVO VIKEND JUTRO (@jutrosadusom)


Да потсетиме, Јована Јеремиќ неодамна зборуваше за Трамп, со кој многумина ѝ предвидуваат интервју, а откри и неколку сличности кои ги имаат двајцата.

– Тоа ќе се случи, јас мислам дека нема да се случи сега, но ако се случи ќе биде над моите очекувања, необјективно и нереално е да се очекува дека ќе имам интервју со Доналд Трамп. Јас ќе бидам жена до која ќе биде многу тешко да се дојде на светско ниво за неколку години – рекла таа, а потоа додала кои им се заедничките работи:

– Тој почна од реално шоу, беше водител на реално шоу како мене. Јас во 2018 година ја освоив наградата за најдобар водител на реално шоу на сите времиња, така што тоа е една награда што не може секој да ја има во својата фиока. Кога го апсолвирав тоа, почнав да работам на утринската програма, па сега ја добив наградата за најгледана утринска програма. Тоа е првата сличност, втората сличност е нашата животна борба…

 

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо
Се вчитува....