14:42 - 13 ноември, 2026

(Видео) Јелена Розга проговори за гласините дека е скарана со Северина: Секој си работи на свој начин

Сплитската пејачка Јелена Розга гостуваше во најновото издание на емисијата “Кликс студио“ на босанскиот портал „Кликс“, каде отворено и искрено проговори за бројни теми.

Меѓу другото, во разговорот со водителката Емела Бурџовиќ беа допрени и теми поврзани со Северина.

Имено, низ регионалните медиуми со години кружи приказната дека овие две пејачки не се во добри односи.

„Во регионот секогаш постои оваа приказна дека двете не сте добри. Можете ли да ми ја демистифицирате? Дали е вистина или не? Дали ја „напумпаа“ и оваа приказна како и многу други работи?“, праша Емела.

“Секако, сето тоа е претерано. Имам одлични односи со сите мои колеги. Секој си ја работи работата на свој начин, јас никого не чепкам, сите ги почитувам и толку”, вели Розга.

Потсетуваме дека Јелена Розга ќе ја заврши својата турнеја „Minute of my Heart“ во Сараево во Зетра на 2 ноември.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....