01:41 - 23 февруари, 2026

(Видео) Ивона Јо: Несебично Ви ја подарувам „Себично“ – Нека стигне до секоја душа што пати и боли

Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претстави со песната „Себично“ – песна која од прва ја освои публиката.

Со својот моќен и контролирано емоционален вокал, Ивона успеа да ја истакне секоја нота и збор во песната, пренесувајќи чувство на болка и растревоженост, но и сила и решителност. На сцената таа настапи самоуверено, но и чувствително, внесувајќи ја публиката длабоко во приказната на песната. Настапот ја издвои како една од највпечатливите учеснички на фестивалот, а реакциите од присутните во салата и коментарите по социјалните мрежи само потврдуваат дека за нејзината интерпретација уште долго ќе се зборува.

„Одејќи против себе, се казнуваме и нанесуваме штета на себе. Носејќи го товарот од минатото, чувајќи сѐ во срцето, се казнуваме и повредуваме себе си. И себично не пуштаме да се ослободиме од сопствените стеги. За едно сурово. За едно бесрамно и безмилосно време. За едно време кое зема се од мене. Ќе раздени ли нов ден за мене?

Има ли свет поубав за мене? Повелете парче душа. Нека патува и стигне до секоја душа која пати и боли“ – кажа Ивона.

Нејзиниот настап беше експлозија од емоции, а воедно и ослободување на сета таа тежина што љубовта може да ја носи со себе. Преку секој тон, таа ја покажуваше и сопствената болка, но и својата сила, правејќи ја публиката да се чувствува како дел од нејзината приказна.

Како композитор и аранжер на „Себично“ се потпишува Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова.

Песната останува како емотивна лекција за секоја душа која минува низ свој личен мрак, но и надеж дека низ музиката можеме да најдеме сила за да тргнеме напред. „Себично” не е само песна, таа е порака, крик и молба – за слобода, љубов и мир во сопственото срце.

Слични објави

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се омажи во тајност: „Ме чекаше 15 години, но вредеше“

Еспресо

„Ќе му ги скршам двете нозе“: Десингерица шокираше со изјавата среде шоуто „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

(Фото) Далеку од очите на јавноста: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ заминаа од Србија, еве каде уживаат

Еспресо

Здравко Чолиќ поминал два часа во полиција, еве што раскажал за бомбашкиот напад врз неговиот дом

Еспресо

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо
Се вчитува....