8.8 C
Скопје
11:29 - 20 февруари, 2026

(Видео+фото) Ова ѝ е четврти брак: Српската пејачка се омажи во црна венчаница, откри и зошто!

Српската пејачка Каја Остојиќ вчера се омажи по четврти пат, а судбоносното „да“ му го кажа на својот избраник Милош Чујовиќ. Таа им позираше на новинарите во прекрасна црна „венчаница“, која очекувано предизвика лавина коментари, бидејќи вообичаено е мислењето дека невестата на свадба треба да носи само бело.

Венчавката се случила на нејзиниот 40-ти роденден во хотел на Космај, забавата била во дворот на хотелот, а матичарот таму и ги венчал.

Каја Остојиќ на својата четврта венчавка носела црн венчален фустан и црн вел, додека младоженецот бил облечен во рок стил, обични црни фармерки и маица со интересен принт. Како што и самата рекла, за црната боја се одлучила бидејќи „белата до сега не ѝ донела среќа“, бидејќи ова ѝ е четврти брак.

Младенците го изнајмиле целиот хотел за да го прослават својот посебен ден, а според пишувањето на српски „Курир“, на менито имало традиционална храна: телешко месо под саќе, лазањи, скара, печени компири, зеленчук на скара, спанаќ ала крем, помфрит од сладок компир – батат, салата Мимоза, печени лути пиперки и свежо сирење. Секако, на свадбената веселба имало и голем избор на пијалаци, како и свадбена торта.

Секој гостин на масата беше пречекан со мени, а еден детаљ ги воодушевил сите присутни – белите рози.

Каја на венчавката го земала презимето на својот сопруг, а по церемонијата открила дека тоа бил посебен ден за неа.

„Моите родендени повеќе не ги славам, денешниот ден е во знакот на нашата венчавка и нашето познанство што трае 16 години. Симболично на мојот роденден направивме се“, изјавила пејачката, пишува „Курир“.

 

 

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....